1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е неспорно дел од Европа

Во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Берлин се одржува конференција (03.12.2008) за постигнувањата и тешкотиите на Македонија на патот кон ЕУ, на која учествува и македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

default

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски: во земјата постои единствена определба

Македонија е дел од Европа и европските перспективи се неспорни. Меѓутоа, реформите на кои инсистира ЕУ би требало да бидат пред се‘ во интерес на нејзините граѓани, а не административни скали за посакуваното членство. Доста задачи остануваат на агендата - ова го наведоа не само претставниците на Европската Унија и Германија, кои учествуваа во денешната расправа, туку и претставниците на опозицијата, со што може да се каже дискусијата доби на динамика и беа претставени двете лица на македонскиот актуелен политички миг.

Единственост во земјата за определбата кон ЕУ и НАТО

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски во Берлин изјави:

„Во последните десет години двојната интегративна агенда во континуитет добива масовна поддршка од граѓаните, која ги преминува политичките и етничките линии. Таа во изминатиот перидо претставуваше проект од највисок државен интерес, со неспорно влијание врз засилувањето на внатрешната кохезија во општеството„, истакна Црвенковски, по што подетално за она што го презема владата за приближување до ЕУ говореше вицепремиерот Ивица Боцевски.Претставникот на Европската унија во Македонија Ерван Фуере уште еднаш ја истакна определбата на Унијата за прифаќање на земјите од Балканот, потсетувајќи на последниот ноемвриски извештај за напредок и проблемите кои ги евидентираше Европската комисија.

Mazedonien Ivica Bocevski mit EU Ervan Fuere

Амбасадорот на ЕУ во Скопје Ерван Фуере и вицепремиерот Ивица Боцевски

„Сега проблемот е како да ја вратиме довербата што Македонија ја уживаше еден временски период и во ЕУ и кај некои земји членки. Мислам дека тоа за жал е додатен проблем. Но, потребно ни е и многу повисоко ниво на доверба и соработка меѓу политичките фактори. Политичката соработка најмногу се одвива во Собранието, тука владата и Собранието, се разбира и претседателот мора во 2009- та година да направат пресврт. Шминка во овој случај нема да помогне, “ истакна и парламентарката од редовите на СДСМ и претседател на Националниот совет за евроинтеграции Радмила Шекеринска.

„Генерално, во овој момент да се изостави Македонија надвор од евроатлантските интеграции има лошо влијание во регионалната стабилност, зашто не е добро да се остават отворени перашања во ситуација кога различни автократски националистички идеи можат се‘уште да бидат во агендата, истакна и Теута Арифи од ДУИ, која во блокот посветен за Охридскиот договор подвлече дека тоа е најважен документ на модерна Македонија.

Визни олеснувања

Во дискусијата неодминлива тема беше и проблемот со името со Грција, за кој претседателот повика на фер решение.

Ute Zapf

Ута Цапф

Ставот на Германија по ова прашање, кој официјално се‘уште е детерминиран со гледањето на Брисел, го елаборираше Ута Цапф: „За прашањето за визите, ние во германскиот парламент сметаме дека тие треба колку што е можно побрзо да се укинат за да може полесно да се соработува, зашто визите се пречка. Сега де факто нудиме соработка, а се‘уште цврсто се држиме до визниот режим“.

Денешниот ден, посветен на Македонија, завршува доцна поплладнево со блок посветен на погодностите кои се нудат како бизнис дестинација.

Аудио и видео прилози на оваа тема