1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е на 73 место според индексот на демократија

Македонија е на 73 место од 165 земји, според индексот на демократија за 2012 година на лондонски „Економист“.

Од регионот Србија е рангирана на 66, Бугарија на 54, Хрватска на 50, Грција на 33, Словенија на 28, Црна Гора на 76, Албанија на 90 и Босна и Херцеговина на 98 место.

Највисоко рангирани се скандинавските земји. Прва на листата е Норвешка, потоа се Шведска, Исланд, Данска, Нов Зеланд, Австралија, Швајцарија, Канада, Финска и Холандија.

Најнедемократска држава, според индексот на демократија на „Економист“ за 2012, е Северна Кореја, а најдолу на листата се и Гвинеја-Бисау, Чад, Сирија, Саудиска Арабија, Туркменистан, Узбекистан.

Индексот ја мери состојбата со демократијата во 165 земји, врз основа на пет категории и тоа изборен процес и плурализам, граѓански слободи, функционирање на власта, политичка партиципација и политичка култура.

Македонија од можни десет поени има вкупен резултат 6,16. За изборниот процес и плурализмот 7,75, за функционирањето на Владата 4,64, за политичката партиципација 6,11, за политичката култура 4,38. Највисока оценка Македонија доби за граѓанските слободи - 7,94.

Извештајот годинава е насловен „Демократијата во застој“, и во него се наведува дека голем број од западните земји се борат да ги задржат своите долгогодишни демократски системи поради политичките пресметки, како и жртвувањето на националните слободи во име на националната безбедност.