1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија е на пат кон НАТО

Груевски тврди дека Македонија ќе добие покана за членство во алијансата на наредниот самит на НАТО во Букурешт

default

Буш со премиерите од Јадранската група / Санадер, Бериша и Груевски

Седум часови престој, два часа ручек, неколку пораки за Јадранската тројка што очекува прием во НАТО и едно решително “ДА“ за независно Косово – тоа е резултатот од посетата на американскиот претседател, Џорџ Буш во Тирана. Веднаш потоа тројцата премиери на Албанија, Хрватска и Македонија, излегоа со групна оценка. Сали Бериша рече: “Историски ден за иднината.“ Иво Санадер оцени: “Уште еден чекор кон НАТО 2008-ма“. Никола Груевски со констатација “Историска посета за регионот, не само за трите земји“.

Изјавите на тројцата премиери дадени на една лошо организирана прес конференција во Тирана дојдоа по стимулативните оценки од САД и претседателот Буш, кој ја протежира Јадранската тројка за прием во НАТО.

Јасни пораки

Македонскиот премиер во Тирана ги одбегна новинарите, за оценката да ја даде во Скопје, преку телевизија Сител и да каже дека Македонија речиси сигурно ќе добие покана за членство во НАТО на самитот во Букурешт, во 2008 година. Вице премиерот, Зоран Ставревски, кому во Тирана му беше препуштено да ги брифира македонските новинари, кажа:

“Пораката е јасна, недвосмислена и чиста – Македонија следната година има големи шанси да го добие членството во НАТО и ќе има огромна поддршка од САД за тоа. Ние не можеме да анализираме за каков концепт се работи, за нас е значајно она што сме го договориле да го исполниме и да ја заслужиме довербата што ни се укажува. Тоа е нашиот дел од работата,а останатото ќе го решат големите сили, но сметам дека е значајно што веќе не постои дилема дали нашто членство наредната година ќе биде реализирано или не доколку го завршиме она за што зборував.“

Проактивен пристап за проблемот на Косово

Сега е време за независно Косово – за овој став американскиот претседател Буш ја доби поддршката од премиерите Груевски, Санадер и Бериша. “Проактивниот пристап на Македонија сигурно им значи многу и на САД. Ова е нешто ново на Балканот и тие сигурно тоа го поздравуваат“, рече вицепрмеиерот Алиу кој беше дел од бројната владина екипа од Македонија во Тирана.

Македонскиот премиер се задржал и во куса билатерлана средба со американскиот претседател, на која Буш на Груевски му сугерирал и конечна имплементација на Рамковниот договор, постојан дијалог власт-опозиција, ги поддржал економските реформи на владата во Скопје. Не станало збор за спорот околу името, но грчки новинар не пропушти и во Тирана да го праша македонскиот премиер како спорот да се реши. “Ќе најдеме одговор и со членството во НАТО“, одговори лаконски Никола Груевски.