1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е во сериозна политичка криза

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски смета дека во тесниот маневарски простор Македонија би можела да прифати додавка кон сегашното уставно име, иако за Грција е тоа речиси неприфатливо

default

Пртеседателот Црвенковски е загрижен поради владината криза

В понеделник медијаторот Метју Нимиц почнува нова рунда преговори за неговиот пакет од пет алтернативни имиња во грчко македонскиот спор, овојпат и под будното око на Стејт Департментот.

Премиерот Никола Груевски е во Брисел на разговори со лидерите од конзервативните партии. Македонија на овие средби влегува со дополнителен товар, нестабилна влада, што уште повеќе го стеснува маневарскиот простор, оцени македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Тој најави свој обид да се излезе од сегашната криза. Треба да се најде рационално решение, без патетика. Шефот на државата првпат јавно прифаќа описна додавка кон името Македонија, иако е свесен дека и тоа нема да ги задоволи властите во Атина.

„Ако се најде формулација со некаква додавка или придавка, која нема да значи рушење на националниот идентитет, туку можеби дополнителен опис на нашето државно уредување. Мислам дека можеме да ги постигнеме двете цели: и да ја добиеме поканата и да го зачуваме нашиот национален идентитет.“

Црвенковски на Правниот факултет излезе со став- во Македонија постои сериозна политичка криза во најнеповолен и најтежок момент.

„Не можам да замислам полош момент од овој да ни се случува најава, не знам дали ќе се ефектуира, меѓутоа шансите се прилично големи, од распаѓање на владината коалиција, со самото тоа доведување во прашање дали имаме влада во полн легитимитет.“

Постојат повеќе опции

Црвенковски ќе го чека враќањето на премиерот Груевски ид Брисел и по разговорите со него не исклучува да свика лидерска средба. Но, шефот на државата е против идејата за формирање некаква голема коалиција,иако има идеја како би можела да се премости политичката и владина блокада. Во услови на меѓусебна недоверба меѓу трите коалициони партнери, екс премиерот Владо Бучковски ја пласираше идејата за експертска и преодна влада која би ја имала поддршката од четирите големи партии во Парламентот која би ја водела земјата до членството во НАТО, преговорите меѓу Скопје и Атина за името и подготовки за предвремени парламентарни избори.