1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е во изборен филм

Власта и опозицијата веќе спорат околу најавите на владата за бесплатни лекови и зголемување на пензиите за 10 процент,за едните тоа е реален потенцијал на заздравената економија, за другите е изборен трик

default

Во преполниот антички амфитеатар во Охрид,со скандирања Љупчо,Љупчо,Георгиевски и неговата ВМРО Народна се обидоа да демантираат дека се маргинална партија откако се издвоија од јадрото на ВМРО ДПМНЕ.

-Ако сами не знаемее да избереме Влада која знае да ја води економијата и да го води коработ на Македонија во бурните води кои доаѓаат следните четири години,верувајте,спасот од никаде нема да стигне,изјави доцна синоќа екс премиерот Љупчо Георгиевски кој најави агресивна кампања,не признавајќи ги анкетите со 0,5 проценти доверба за неговата партија наспроти 17 проценти доверба за ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски кој е најпопуларен политичар во Македонија.

-Можеби е контрадикторно,но граѓаните знаат да кажат дека најдобар премиер во овие изминати 15 години во Македонија бил Љупчо Георгиевски.Значи ние сво својата работа знаевем за разлика од тие кои седат,да направиме пари и тие да ги понудиме во објекти,вели проф.д-р Весна Јаневска,која формално е шеф на ВМРО Народна и се обидува да го гради имиџот на Љупчо Георгиевски.

Парадоксот на македонската политичка сцена е токму во тандемот Љупчо Георгиевски-Васил Тупурковски,што по врвот го допреа дното-ја освоија власта во 1998 ,се разделија по две години,ги изгубија изборите во 2002 година и ги сведоа своите партии на споредни играчи.

Сега Демократската алтернатива и Тупурковски би биле задоволни и со еден пратеник,но и со иницијатива:

-Граѓаните на референдум на половина на мандатот на идната влада да одлучуваат со гласање за доверба на таа влада,вели Тупурковски.

Откако за време на викендот весниците беа посинети од посебниот додаток со програмата на СДСМ,премиерот и лидер на партијата,Владо Бучковски во пресрет на денешната поссета на генералниот секретар на НАТО,Јап де Хоп Шефер настапи оптимистички:

-До 2008 година ќе ја добиеме поканата за членство во НАТО,ветува лидерот на СДСМ,чија вчерашна шема зборува за обидот да се стигне рејтингот на ВМРО ДПМНЕ:Бучковски по утринските средби во метрополата одлета за Отешево,на промоција за хотелски комплекс,напладне одржа прес конференција во Скопеј,потоа замина за Кочани,полноќта ја дочека во штабот на коалицијата За Македонија,за да ја види реакцијата откако СДСМ вети 10 насто поголеми пензии и бесплатни лекови.

-Пред шест месеци да ги зголемеа пензиите,па пензионерите да поверуваат дека има некаква шанса да има направено нешто на подолг рок.Да сум јас на местото на пензионерите и на луѓето на кои им е исклучително важно бесплатното здравство,јас би се чувствувал потценет,ова е потценување на пензионерите,реагира Никола Груевски,лидерот на ВМРО ДПМНЕ,кој будно го следи секој потег на власта.