1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е воздржана за српската иницијатива во ОН

Македонија в среда (08.10.2008), на Генералното собрание на ОН, ќе гласа воздржано за иницијативата на Србија за испитување на правната основа на прогласената независност на Косово пред Меѓународниот суд во Хаг.

default

Главното седиште на УНМИК во Приштина

Македонија нема да заземе ниту просрпски, ниту прокосовски став. За да биде неутрална, утре во Обединетите нации ќе гласа воздржано за иницијативата на Србија, меѓународен суд да утврди дали прогласената независност на Косово е во согласност со меѓународното право. Вицепремиерот Ивица Боцевски го повтори ставот дека Македонија, кога станува збор за косовското прашање, ќе се раководи во согласност со сопствените национални и државни интереси.

Ivica Bocevski

Македонскиот вицепремиер Ивица Боцевски

Без дефиниран став за признавањето

Познавачите на меѓународното право сметаат дека е лошо што Македонија нема дефинирано став по ова прашање. Екс минстерот за надворешни работи, Љубомир Фрчковки, тврди дека Македонија под итно треба да го признае Косово, водена од три приоритети. Тоа се: силните економски релации, блискоста на населението и сојузништвото со САД. Треба јасно да се седне на една столица. Србија најмалку треба да и‘ се лути на Македонија што го загуби Косово, вели професорот Фрчковски. Треба да се внимава и дипломатски да се изработи за меѓусебното признавање меѓу Скопје и Приштина да биде под уставните имиња, додава тој.

Да не се брза со признавањето на Косово

Македонија веќе ја испушти првата посериозна шанса да го признае Косово, осценува поранешниот шеф на дипломатијата, Слободан Чашуле. Сега не треба да се брза со тој процес, туку да се поддржи Србија во Обединетите нации. Нејзиниот пример треба да го следи и Македонија и да побара од светската организација расправа за грчките условувања во спорот со името, објаснува Чашуле.

Straßenverkehr in Pristina, Kosovo

Приштина инсистира на што поскоро признавање

Македонија го одложи на некое време признавањето на Косово, а како една од можните причини се споменуваат грчките лобирања за Приштина да ја признае Македонија како ПЈРМ. И Белград и косовоските власти се заканија со економски последици, ако Скопје ја признае, односно не ја признае косовоската независност. Македонија не треба да брза, но треба да повлече потег, соочувајќи се со заканите од двете страни. Главниот услов за признавање, одбележувањето на меѓусебната граница, е веќе завршено.