1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Македонија е блокирана поради грчкото вето и неспроведените реформи

Македонија речиси сосема исчезна од радарот на ЕУ-политиката на проширување, а земјата некогаш беше кандидат за пример, оценува во текстот на тема Македонија и ЕУ весникот „Ноје Цирхер Цајтунг“.

Во текстот со наслов „Грчкото вето и неспроведените реформи ја блокираат земјата“, авторот Андреас Ернст, меѓу другото, пишува:

„Во 2005 година Македонија како кандидат за ЕУ беше речиси на исто ниво со денешната членка Хрватска. Таа ја остави Србија далеку зад себе. Белград немаше склучено ниту Спогодба за стаблизација и асоцијација со ЕУ. Сега Белград, најверојатно во јануари, ќе почне преговори за приклучување, а Македонија не е дури ниту на дневен ред.

Кој е виновен? За премиерот Никола Груевски, кој ја води земјата од 2006 година, одговорот е јасен. Виновник за застојот е Грција, која секој чекор на интеграција го условува со тоа дали Република Македонија ќе се откаже од името и во иднина ќе се нарекува, на пример, Горна или Вардарска Македонија... На второ место Груевски вината им ја припишува на големите земји на ЕУ кои успеаја да ја принудат Грција на комплетна економска програма, но по прашањето на името не извршија никаков притисок врз Атина. Критиката на македонскиот премиер е оправдана, но не во целост. Зашто за внатрешнополитичката ситуација не се одговорни ниту Брисел ниту Атина, туку неговата Влада.

Се чини дека се‘ се врти во ѓаволски круг. Немањето изгледи за преговори за приклучување ги поткопува реформите во насока на правна држава, но и развојот на независен меидумски сектор во Македонија. Во двете сфери влијанието на Владата е зголемено, а последица е што многу медиуми, а делумно и правосудството, и‘ служат на власта. Овој негативен развој се набљудува од страна на земјите членки на ЕУ и ја намалува нивната и онака слаба волја да го деблокираат процесот на приклучување виа Грција“, пишува весникот НЦЦ, и заклучува дека „колку Владата е попасивна во однос на реформите на државата и администрацијата, толку посилен е нејзиниот идентитетско-политички ангажман“:

„Со големи финансиски средства (од што краткорочно прифитираше градежната индустрија) центарот на Скопје со споменици и антички фасади се претвора во ‘Тематски парк‘. Пораката гласи: Ние, Македонците, сме горди потомци на Александар Велики. Дури и ако не припаѓаме на ЕУ и сме сиромашни, нашиот идентитет не може да ни го земе никој. Како земјата ќе најде излез од ќорсокакот, останува нејасно“, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“.

„Винер Цајтунг“ пак, на тема напредок кон Европа, води интервју со српскиот

Bosnien und Herzegowina Serbien Außenminister Ivan Mrkic in Sarajevo

Иван Мркиќ

министер за надворешни работи Иван Мркиќ. Тој нагласува дека во Србија „од самиот почеток тие биле со идеја сите лоши работи да се остават зад себе, токму како што тоа го направија Германците и Французите по Втората светска војна“:

„Наеднаш сфативме дека по 20 години граѓанска војна, која за жал се водеше во поранешна Југославија, не напредувавме. Тогаш се прашавме - глупави сме, или што? Значи мора да се придвижиме и тоа во добра насока. Почнавме да комуницираме со сите и создадовме отворен однос... Сметаме дека завршивме добра работа“, нагласува Мркиќ меѓу другото во интервјуто за „Винер Цајтунг“.