1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија е атрактивна за верски фанатици?

Македонија, според конфигурацијата како мултиетничка и мултиконфесионална заедница, е погодно тло за верските фанатици, вели за ДВ аналитичарот по верски прашања Даниел Димевски.

default

Аналитичарот Димевски, наведува дека покрај мултиетничноста и мултиконфесионалноста на Македонија, има и друг факт кој зборува во прилог на тоа дека земјата е атрактивна за верски фанатици:

„Македонија има безвизен режим со поголем број земји од ЕУ и како таква е атрактивна за луѓе кои можат да ја искористат како мост кон земјите од западна Европа.“

Исто така, Македонија е погодна и поради фактот што овие простори беа прилично турбулентни во изминатите години и се‘ уште не се под штитот на НАТО, нагласува Димевски, додавајќи дека се‘ уште има таканаречени сиви џепови, што е услов за делување на такви групи.

„Најголема превентива е Исламската верска заедница, која практично прва посочи на присуството на овие групи бидејќи и таа самата како легитимна заедница на муслиманите во Македонија е жртва на делувањето на тие групи“, објаснува Димевски.

За разлика од него, Рамадан Рамадани, поранешен оџа, сега аналитичар за верски прашања, во изјава за Дојче Веле тврди дека Македонија не е атрактивно тло за опасни терористички групи.

„Генерално јас останувам на становиштето, а поаѓајќи од она што го знаеме за глобалниот тероризам, дека Македонија не е ни малку интересна дестинација за тероризам, особено не како земја каде би се извршил напад на цивили“.

Тоа Рамадани го објаснува со фактот дека „во Македонија нема јатаци за такви работи, нема политичка структура ни кај Албанците, ниту кај Македонците, која би застанала во одбрана или легитимација на такво делување“.

Јатаците пак, според Рамадани, се еден од предусловите за вакви појави:

„Второ во Македонија нема ни во пракса, ниту во литаратурата екстремно учење кои би оправдало напад врз цивили каков што беше тој во Смиљковци. Исто така е важно да се има на ум дека поради големиот процент на муслимани во Македонија не е дозволена стигматизација, дури ниту во називот да се употребува Исламот за именување на такви појави или структури“, вели Рамадани.

Тој потенцира дека настанот е се‘ уште свеж, така што се оградува од издржана анализа. Вели дека располага само со половични информации што ги слушнал од полицијата за акцијата во која се уапсени повеќе сомнителни лица, меѓу кои и тие за масакрот во Смиљковци.