1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија доби 13 препораки

Македонското кривично законодавство дава ефикасна основа за водење истраги за случаи на корупција, судско гонење и судење при неговото кршење, се вели во заклучоците на најновиот извештај на ГРЕКО, објавен денеска.

default

Најновиот извештај на ГРЕКО (Група на земји против корупцијата) во однос на корупцијата во Македонија констатира дека неодамнешните промени на кривичниот закон и бројните осудувања за корупција, ја покажуваат определбата на македонските власти да донесат енергични мерки за да се справат со корупцијата, како и за исполнување на нивните обврски од Конвенција за борба против корупцијата на Советот на Европа, нагласува во разговорот за Дојче веле, Софи Модал Линдерс, експерт на ГРЕКО.

Постои ефикасна законодавна основа за борба против корупцијата

На прашањето, дали македонското законодавство дава ефикасни рамки за борба против корупцијата, експертот на ГРЕКО, е јасен:

„Да, можеме да кажеме дека кривичното законодавството на Поранешна Југословенска Република Македонија дава ефикасна основа за истрага во случаите на корупција, како и за судско гонење и судење при неговото кршење. Општо, се почитуваат нормите на Советот на Европа во оваа област, иако ова законодавство има и слабости.“

Mazedonien Justiz Amtsgericht

Законодавството за транспарентност во финансирањето на политичките партии е развиено, но има и слабости - оценува ГРЕКО

Затоа на Македонија и‘ се упатени тринаесет препораки кои таа треба да ги исполни до втората половина на 2011 година.

Според ГРЕКО, потребно е да се води грижа за сите случаи на активна и пасивна корупција во јавниот сектор.

Се препорачува можната лепеза на акти на корупција во приватниот сектор да биде проширена. Имено, вработените на пониско ниво на одговорност не се покриени со актуелното македонско законодавство.

Сферата која ја третира злоупотребата на влијание треба да биде комплетирана за да се покрие активната злоупотреба на влијание како ветување, давање или нудење било какви предности на лице кое во замена на тоа го дава своето влијание.

ГРЕКО посебно инсистира да се преиспита принципот на „реално жалење“ кој ги ослободува од одговорност лицата што добиле поткуп по нивно барање, а самите ја пријавувиле корупцијата во полицијата пред да биде откриена.

Слабости во законодавството за финансирање на партиите поради недоследното спроведување

Законодавството за транспарентност во финансирањето на политичките партии, според мислењето на ГРЕКО, е релативно ново и доволно добро развиено, посебно обврските кои им се наметнуваат на политичките партии и на кандидатите на изборите. Сепак,

Symbolbild Neuverschuldung

Финансирањето на партиите во Македонија, според ГРЕКО, не се контролира ефикасно

ова законодавство има слабости поради неговото неспроведување.

„Законодавството за транспарентноста на финансирањето на политичките партии во Македонија има извесен број позитивни елементи, како ограничувањето на донациите на политичките партии, забраната на анонимни и странски донации и обврската за прикажување на сметките на партиите за добиените донации“, нагласува Софи Модал Линдерс.

Таа притоа ги посочува и слабостите што беа забележани од ГРЕКО:

„Главниот проблем на овој закон е неефикасното контролирање на почитувањето на обврските на партиите, односно недоволното почитување на законодавството во практиката. Оваа неефикасност, според ГРЕКО се должи на големиот број институции задолжени за нивна контрола.“

Приоритет, според ГРЕКО, во делот на транспарентноста на финансирањето на политичките партии е да се оди кон поедноставување на системот на надворешна контрола на финансирањето на политичките партии и политичките кампањи...

„...со цел да се гарантира ефективна, проактивна и добро координирана контрола на почитувањето на правилата за финансирање. Како и одлучно спроведување на казните во случај на прекршок“, вели Софи Модал Линдерс.

Покрај ова, за кредибилноста на системот, според ГРЕКО, е потребно да се води грижа - ограничувањето на трошоците за изборите да биде почитувано во практика:

„Посебно преку утврдување на соодветен финансиски период за предизборните кампањи, со цел да се утврди со сигурност ефективниот износ на трошоците. Исто така, потребна е гаранција дека добрата и услугите кои ги даваат организаторите на предизборните кампањи се коректно утврдени и забележани како донации за политичките партии, според нивната нормална цена“, вели експертот на Греко Софи Модал Линдерс.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска