1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија доби можност да се чуе нејзиниот глас

Спорот Скопје-Атина за името,не смее да биде критериум како сите останати оправдани критериуми за прием во НАТО или ЕУ- вели во интервју за ДВ, доскорешниот претседател на Генералното Собрание на ОН, Срѓан Керим

default

Срѓан Керим

Господине Керим заврши вашиот мандат како претседавач со Генералното Собрание на ОН . Колку во услови кога сите се согласни дека на светската организација и се потребни темелни реформи успеавте да ја промените апатичната атмосфера на Ист Ривер?

Она што е најголем придонес на 62-рото заседание е фактот што успеавме да ја промениме политичката клима до состојба на преземање на темата и градење свесност за значењето и тежината на проблемот и конечно преоѓање во фаза на преземање на обврски во однос на преговорите кои се водат во определени тела на ОН.

Генералниот секретар на ОН ве назначи Керим за специјален пратеник за климатски промени , еден од приоритетните проблеми на Светската асамблеја?

Генералниот секретар ќе ме има како свој претставник и ќе ме користи да одам во разни мисии за да преговарам и разговарам со земјите членки со цел договорените проекти да можат да се афирмираат и да се реализираат.

За време на вашиот мандат остваривте средби со повеќе од илјада светски државници, дипломати , хуманитарци , познати актери . Колку на тие средби разговаравте за Македонија и колку светот ги разбира позициите на Македонија во спорот за името?

Многу работи беа кажани и беше разговарано за нив, работи кои биле општо непознати, малку познати или недоволно познати . Значи Македонија доби можност да се чуе нејзиниот глас , нејзините интереси , нејзината позиција во целиот свет . Таква можност ретко може да и се укаже на една таква мала земја . Мислам дека сето ова придонесе многу и директно и индиректно за афирмација на Македонија и за подобро познавање на тоа што е Македонија и која е Македонија. Истотака е многу важно дека никој во светот не мисли дека спорот меѓу Македонија и Грција околу името е прашање кое треба да ги засега меѓународните организации , ОН, НАТО, ЕУ, ОБСЕ . Истотака важно е и дека сите сметаат дека Македонија како и секоја друга земја во светот има право на своето име .

Имавте или проблем со Грција откако на почетокот на вашиот мандат , Бранко Црвенковски го најавивте како претседател на Република Македонија?

Грција во ниту еден момент воопшто не ми пречеше во извршување на функцијата претседател на Генералното собрание на ОН . Напротив, се однесуваше многу коректно ,како секоја друга членка и немаше разлика меѓу однесувањето на Грција и на другите земји-членки. Тоа сакам отворено да го кажам и го респектирам.

Бевте дел од раководството на организацијата која е директно надлежна за спорот околу името. Има ли надеж дека наскоро ќе се најде решение за ова прашање кое се претвори во еден од главните критериуми за прием на Македонија во НАТО, и во ЕУ?

Прашањето за спорот околу името со Грција, никогаш не било ниту пак смее да биде критериум како сите останати оправдани критериуми за прием во овие организации , а и згора на тоа да испадне дека тој критериум има поголема тежина од сите други критериуми. Случувањата на Самитот на НАТО во Букурешт ми предизвикаа мачнина и болка . Мислам дека токму поради тие случувања , НАТО и ЕУ треба да бидат подготвени да помогнат да се реши ова прашање и да не дозволат тоа да преставува пречка за зачленување на Македонија во овие две организации. Се друго може и треба да биде пречка , како што било и за другите земји-кандидати но тоа не . Ако се спушти топката на земја , ако се седне да се разговара сериозно и отворено како соседи , мислам дека ќе може да се најде решение , водејќи притоа сметка за достоинството на Македонија и идентитетот на македонскиот народ .

Дали размислувате за претседателски мандат во Македонија?

Сметам дека политичките партии, како што впрочем секогаш се случувало откако Македонија стана демократска држава со повеќепартиски систем, треба да се определат кого и зошто ќе го кандидираат за претседателската фунција. И доколку се појави иницијатива , предлог,потреба за мој ангажман тогаш ќе почнам да размислувам на таа тема.