1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија добива јасна поддршка за прием во НАТО

Од секој партнер и пријател Македонија ја бара последната и решавачка поддршка за членство во НАТО. Во Скопје романскиот министер за надворешни работи ја пренесе поддршката на неговата земја.

default

Романскиот министер за надворешни работи во Скопје

Романскиот министер за надворешни работи Адријан Чоројану денеска во Скопје ја пренесе поддршката на Романија за приемот на Македонија во НАТО. Со неговиот македонски колега Антонио Милошоски денеска потпишаа протоколи за соработка меѓу Македонија и Романија.