1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија денеска ќе добие нова Влада

Мандатарот Костов пред Собранието го претстави својот Кабинет и програмските определби

default

Македонија денеска треба да добие како што ја нарекуваат медиумите старо-нова Влада.Мандатарот Хари Костов во Собранието го претстави својот кабинет и програмска ориентација . Нема територијална поделба за решавање на етничките прашања , нема брзи и дневни решавања на проблемите туку долгорочно реформирање на економијата и борба со сиромаштијата-истакна Костов во експозето. Излагањето на премиерот Хари Костов го следеше шефот на државата Бранко Црвенковски а по подолго време во Собранието е и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во пратеничките клупи на ВМРО ДПМНЕ , забележливо отсуството на лидерот Никола Груевски и на довчерашниот почесен претседател Љубчо Георгиевски.

Собранието подоцна во денот треба да гласа за подршка на програмата и кабинетот на мандатарот Хари Костов , во кој единствено ново лице е прредложениот министер за внатрешни работи, Сиљан Аврамовски. Костов на чело на новата Влада , застанува по трансферот на Бранко Црвенкоцски на фунцијата претседател.