1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија денеска против Хрватска на ЕП во кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација по драматичниот пораз по продолженија од Црна Гора во првиот натпревар на ЕП во Литванија,вечерва го игра вториот натпревар на шампионатот.Германија со Новицкипочна убедливо.

default

Противник во терминот од 20 часот е Хрватска, која во првото коло ја совлада Финска со  84:79.

По поразот од Црна Гора (65:70), селекторот на македонската репрезентација Марин Докузовски причините за неуспехот ги виде во поквалитетните играчи на клупата што ги има противникот и во лошата соработка со неговите помошници во финишот на средбата. „Ова беше клучниот натпревар за нас во групата, бевме на чекор до победата, но противникот имаше повеќе играчи на клупата. Еден од клучните моменти на натпреварот беше и моментот кога Лестер Бо Мекејлеб, на неколку секунди да крајот на натпреварот, ја направи петтата лична грешка. Во тие моменти комплетниот стручен штаб и сите на клупата потфрлија бидејќи најмалку Мекејлеб требаше да биде во игра, или пак тој воопшто не требаше да прави ’наивна’ лична грешка. Без него во продолжението Македонија, воопшто немаше шанса за победа“, рече Докузовски.

Германија пак, стартуваше убедливо на ЕП. Предводени од НБА суперѕвездата Дирк Новицки (кој беше најдобар стрелец со 25 поени), Германците убедливо го победија Израел со 91:64. Вечерва во 20 часот противник на избраниците на селектророт Дирк Бауерман ќе биде Италија која во првиот меч вчера убедливо загуби од Србија со 68:80.