1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија да спроведе јасна истрага за случајот „Ел Масри“

Парламентарното Собрание на Советот на Европа бара од Македонија конечно да отвори јасна истрага за случајот со Либанецот со германски пасош Калед ел Масри.

default

Парламентарно собрание на Советот на Европа

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) смета дека судската и парламентарната контрола на владите и нивните агенти е од клучно значење за правната држава и демократијата. Во таа контрола се подразбираат и така наречените специјални органи, односно тајните државни служби. Тие не треба да бидат ставени во прашање, но тие не смеат да се претворат во „држава во држава“, ослободени од сите одговорности, без да поднесуваат сметки за нивните активности, што може до доведи до појава на културата на „неказнивост“, што сериозно може да им наштети на демократските институции.

Што е „државна тајна“

Овај заклучок е дел од усвоената резолуција за неоправданото користење на поимот „државна тајна“, за да се заштитат тајните државни служби и агенции, при контролата на нивната вмешаност во кршењето на човековите права, како измачувањето, грабнувањето или реституцијата.

Dick Marty, Abgeordneter des Europarats, in Straßburg

Швајцарскиот парламентарец и известувач на ПССЕ, Дик Марти

Врз основа на извештајот на швајцарскиот парламентарец Дик Марти, ПССЕ со огромно мнозинство (103 гласови за, 6 против и 3 воздржани), подвлече дека информациите за ваквите кршења на човековите права во никој случај не треба да бидат сметани како државни тајни, достојни да бидат заштитувани.

Паневропската асамблеја се изјасни и за судските и парламентарните истраги кои беа водени по извештаите на Дик Марти објавени пред пет години, во кои тој наведе повеќе европски влади и земји кои соработуваа со американската тајна служба ЦИА во недозволените активности на грабнување, затворање, измачување или пренесување на нивна територија на лица сомнителни за тероризам.

Зачуденост зошто македонското собрание не отвори истрага

Во усвоената резолуција меѓу другото се изразува „зачуденост зошто парламентот на Република Македонија не најде за потребно да отвори истрага за случајот со Ел Масри, со оглед на јасните резултати на другите истраги што биле водени за овој случај.“ 

Притоа се бара од македонските власти конечно да отворат јасна истрага во однос на деталните обвинувања за тајното грабнување и недозволено лишување од слобода на Калед ел Масри, кој е германски државјанин со либанско потекло.

Тој беше затворен 23 дена во еден хотел во Скопје од македонски тајни агенти, пред да им биде предаден на агенти на ЦИА, по што тој се најде во Авганистан.

Предложениот амандман од неколку парламентарци, пред се романски со кои се бараше да не се споменуваат со име романските власти и македонските власти во барањето да отворат истраги, туку тоа да се замени со општата формулација „сите вмешани земји“ , беше отфрлен од ПССЕ.

„Потребно е да се кажат нештата, такви какви што се. Парламентот треба и може да направи многу повеќе. Не е во игра честа на земјата, туку вистината, која граѓаните на вашите земји треба да ја дознаат“ – нагласи известувачот Дик Марти.

Одговорот на македонските парламентарци зошто не се спроведена ефективна истрага за овај случај не беше даден од нивна страна, поради едноставна причина – во Стразбур не допатува ниту еден од членовите на Македонската собраниска делегација.

На 20 јули 2009, Ел Масри поднесе тужба против Македонија пред Европскиот суд за човекови права, што е и прв ваков случај кој се најде пред Судот од Стразбур.

Во случајот со Калед ел Масри и другите слични случаи, телеграмите објавени од Викиликс потврдија дека Дик Марти бил во право, ПССЕ го поздравува нивното објавување, но смета дека не треба да се објавуваат информации за информаторите, бидејќи со тоа тие се ставени во опасност.

Khaled el Masri in Straßburg

Калед ел Масри за време на едно од сослушувањата во ПССЕ во Стразбур


Анализа на истрагите во девет земји

Во извештајот за кој се расправаше на есенската сесија на ПС на СЕ, беше изразено жалење и поради тоа што парламентите на Полска и на Романија се задоволија само со истраги, кои имаа за цел да се брани официјалната позиција на националните власти.

ПССЕ ја поздрави истрагата во Литванија, која дозволи да се утврди дека постоеле два тајни затвори на ЦИА, но таа не дозволи да се утврди дали затворените лица биле малтретирани и дали високите литвански раководители биле информирани.

ПССЕ ги истакнува професионалните истраги спроведени во Германија и во Италија, кои дозволија да се разјасни грабнувањето на Калед Ел Масри и Абу Омар, но сепак жалејќи што германската влада не ги дала сите информации барани од парламентарната комисија. Притоа се поздравува е спогодбеното решавање на сличните случаи во Велика Британија, а додека од литванскиот, полскиот, португалскиот и шпанскиот парламент е побарана поголема упорност во барањето на вистината.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Симе Недевски

 

Поврзана содржина