1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија да продолжи по евроатлантскиот пат

САД сакаат да ја видат Македонија во НАТО, изјави заменикот државен секретар на САД Розмари ди Карло. Таа сака спорот со Грција околу името да се реши што поскоро, а ја поддржува и желбата на Македонија за влез во ЕУ

default

Ди Карло со премиерот Груевски при поранешна посета на Скопје

Не постојат безбедносни закани за Македонија, изјави за Дојче Веле заменик државниот секретар на САД, Розмари ди Карло. Македонија и САД имаат добра соработка, а по потпишувањето на Декларацијата, таа соработка уште повеќе ќе јакне. Ќе се организираат воени вежби и бука на армиските сили, изјави заменичката на Кондолиза Рајс, задолжена за Европа. Америка сака да ја види Македонија во НАТО и македонските граѓани не треба да губат верба по разочарувањето во Букурешт.

Сакаме Македонија да продолжи по евроатлантскиот пат, нејзиниот прием ќе биде добар за НАТО и за неа. Го поддржуваме и тежнението Македонија да влезе во ЕУ. Важно е земјите истомисленички, кои сакаат да учествуваат во овие институции, да можат да го направат тоа. Ди Карло апелира спорот со Грција што побрзо да се реши, но не споменува дополнителен ангажман на САД во посредувањето меѓу Скопје и Атина.

Едвард Џозеф има предлог за нов приод во спорот со името

Но, предлог за напредок во спорот нуди Едвард Џозеф, поранешен член на меѓународната кризна група. Во интервју за Дојче Веле Џозеф објаснува дека меѓународната заедница треба со нов пристап да се вклучи во спорот, да побара заштита на македонското малцинство во Грција.

Грчките тврдења се дека по Букурешт, прашањето за името е мултилатерален проблем, ако е така, НАТО нека ја испита целата димензија на проблемот, заеднос со обврската од Повелбата на НАТО за добри односи со соседите и да се види дали Грција ги исполнува овие услови, каков е статусот на македонското и другите малцинства во Грција, па и тоа да се вклучи во дискусијата, вели Едвард Џозеф.