1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија да не стравува од силни земјотреси

Градбите во Македонија се стабилни, но во случај на посилен потрес се можни оштетувања. Стручњаците стравуваат за градбите од периодот на транзицијата. Но, силни земјотреси во догледно време не се очекуваат.

default

Скопје

Градбите во Македонија, генерално, се сеизмички отпорни на потреси, иако при посилен земјотрес може да се очекуваат оштетувања, е генералната оценка на градежните и земјотресните инжинери кои ги анкетираше Дојче веле. Најголема резерва тие имаат во однос на објектите што се изградени по 1991 година, во периодот на транзиција немаше таква контрола како претходно, предупредуваат стручњаците.

Theater in Skopje, Mazedonien

Драмскиот театар во Скопје

Теши фактот што Македонија е сеизмичко подрачје на кое не се очекуваат земјотреси посилни од скопскиот во 1963 година. „Земјотрес како во Чиле во Македонија не би требало да се случи никогаш, заради тоа што не е природата на сеизмичкото подрачје“, објаснува за Дојче веле Вероника Шендова од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Според неа благодарение на стандардите воведени по катастрофата во 1963 година, голем број од објектите во Скопје се сеизмички стабилни, особено оние што се изградени до 1990 година.

Сомнеж за градбите настанати во транзицијата

Сомнеж се јавува за градбите од периодот на транзиција, предупредува професорот од Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски. „Од она што го знаеме може со сигурност да се тврди дека кај одреден број на објекти во случај на земјотрес ќе се јават сериозни оштетувања. Еден пример каде што може да има проблем се доградбите на терасите во многу скопски населби.“

Mazedonien Skopje

Скопје

Нашите соговорници сметаат дека градежните конструктори треба да бидат вклучени во процесот на градење од самиот почеток уште во фазата на планирање. Во случај на земјотрес земјотресните стручњаци предвидуваат дека во Скопје најголеми оштетувања би имале реоните кои најмногу настрадале и пред 47 години. Но оваа генерација скопјани не треба да стравува од толку силен потрес, смирува Шендова. „Повратен период на земјотрес како скопскиот во 1963 година е 500 години.“

Градежништво во Македонија во периодот на транзиција беше подложно на бројни кризи. Поголемите градежни компании се опоравија и сега работат добро но последиците од хаосот во овој сектор и градбите на урбанистичката мафија се видливи во речиси секоја скопска населба.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска