1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – Грција – име

*

Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани денеска заминува во посета на Велика Британија. Во фокусот на разговорите со ресониот колега Дејвид Милибанд ќе се најдат прашањата од регионот на Западен Балкан, вклучувајќи го и статусот на Косово и спорот со Македонија околу името. По дводневниот престој во Лондон, Бакојани в среда ќе го посети и Берлин.

Стратегијата за натамошните преговори за името денеска ќе биде тема на разговори меѓу претседателот на државата Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски.