1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – Грција: вратена помош

*

Тим од 60 македонски пожарникари со три противпожарни возила вчера беше вратен од граничниот премин Богородица – Евзони со образложение што е дадено на грчкиот премин дека на Грција не и‘ е потребна помошта што ја праќа македонската влада. “Не сакам да верувам дека тоа се случи од политички причини“ изјави за македонските медиуми директорот на дирекцијата за управување со кризи Панде Лазаревски. Во македонското министерство за надворешни работи доцна попладнето стигна допис од Атина во кој грчката влада им се заблагодарува на државите што помогаат во гаснењето на пожарите. Во него се додава дека за сега на Грција не и е потребна помошта што ја понуди македонската влада.