1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија гради нова стратегија

Како да се продолжи на патот кон НАТО и ЕУ? Политичките лидери во Македонија од денеска подготвуваат нова стратегија по грчкото вето на самитот на Алијансата во Букурешт

default

Како по Букурешт?

Македонскиот премиер Груевски од денеска започнува серија средби со лидерите на најголемите политички партии во земјата. Премиерот ќе ги информира лидерите на ДУИ, ДПА и СДСМ за учеството на македонската делегација на самитот на НАТО во Букурешт и за средбата на Јадранската група во Загреб. По грчкото вето за членство на Македонија во НАТО, сега ќе се гради нова стратегија. Експертите се против радикални чекори како што е прекин на грчко македонските преговорите за името.