1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија го чествува Илинден

Ако Илинден 1903 беше Илинден на непокор, ако Илинден 1944 беше Илинден на македонската истрајност и сплотување, Илинден 2010 година е Илинден на македонската битка за економски развој, порача премиерот Никола Груевски.

default

Груевски во обраќањето на народниот собир на Мечкин Камен во Крушево, по повод државниот празник 2 Август, рече дека битката за подобар живот на сите граѓани може да се добие само обединети и со надминати разлики, со висок морал и силен патриотизам и со здрави вредности.  

„Нашата цел, е прераснување на Република Македонија во земја во која животот ќе биде поквалитетен, со повисоки стандарди, и со посреќни луѓе. И на тој продолжеток, на славниот пат на Илинденците нема запирање, по ниту една цена и по ниту еден основ. Нема препрека која не може да биде совладана. Цврсто сме решени да ги достигнеме високите европски идеали и големите цивилизациски достигнувања“, рече Груевски.

За жал, рече Груевски, „иако кога ја добивме независноста верувавме дека борбата на генерациите кои доаѓаат е само напредокот, образованието, натамошното градење на етничкиот и верски соживот, на овој пат за членството во НАТО и ЕУ, соочени сме со суровата реалност дека и денес во 21 век, се‘ уште сме принудени да ја довршуваме борбата за нашиот идентитет, јазик, име, националност и самоопределување.“

Тој истакна дека македонското прашање се‘ уште не е

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

Никола Груевски: Соочени сме со суровата реалност дека и денес во 21 век, се‘ уште сме принудени да ја довршуваме борбата за нашиот идентитет, јазик, име, националност и самоопределување

докрај затворено, барем не во мислите на одредени поединци кои имаат моќ да блокираат и уценуваат и оти мора да се остане претпазлив на тој план.

Но, додаде Груевски, „и таа принуденост наметната однадвор, од еден наш сосед, принуденост да мораме да се занимаваме со предизвици за кои верувавме дека одамна се надминати, нема да не‘ оттргнат од нашите стратешки приоритети за членството во ЕУ, НАТО, ниту од активностите за севкупната модернизација која ние треба да ја направиме, за нашите граѓани, нашиот народ да имаат подобар, посигурен, побогат и поквалитетен живот“.

Тој повика и на обединување, на единство и отворање нова современа страница во политичкото делување.

Во владината делегација на централното чествување во Крушево по повод 107 години од Илинденското востание и 66 години од заседанието на АСНОМ, присуствуваа и министрите за правда, за животна средина и просторно планирање и за информатичко општество, Михајло Маневски, Неџати Јакупи и Иво Ивановски.

Делегацијата положи цвеќе на гробот на Никола Карев, на местото Слива и на споменикот на бранителите на Крушевската Република, на Мечкин Камен.

Чествување и во Пелинце

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на Илинден, зборуваше во меморијалниот комплекс Пелинце

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

Ѓорге Иванов: Апелирам Грција да прифати дека ние постоиме и ќе постоиме како нивни искрени соседи и пријатели

посветен на АСНОМ. Иванов подвлече дека „Македонија и Македонците се реалност на Балканот и дел од Европа, кон која природно припаѓаат и ја жевеат идејата за обединета Европа како отворен простор на демократија и почитување на човековите права, и каде секој со себе ќе го носи својот идентитет“.

Иванов нагласи: „Затоа апелирам Грција да прифати дека ние постоиме и ќе постоиме како нивни искрени соседи и пријатели. Некои политичари кај нашиот јужен сосед имаат проблем со нашето име и нашиот идентитет. Затоа сакам да знаете дека тука сме да им помогнеме да го надминат тој проблем и да прифатат она што е реалност - Македонија и Македонци. Република Македонија многу пати досега покажа дека е подготвена за дијалог, за средби и комуникација како единствен начин за надминување на разликите. Ние многу пати досега ја пруживме раката на помирување и разбирање и затоа таа се‘ уште е подадена“, рече Иванов.

Македонија, додаде тој, е доследна кон вредностите на ЕУ и НАТО и упати апел сојузниците и формално да го

Mazedonien Nationalfeiertag - Ilinden

Во рамки на чествувањето на Илинден, венци беа положени и пред споменикот на Методија Антонов-Ченто

прифатат членството на Македонија во НАТО, бидејќи, земјата веќе учествува со цела одгворност во помагање на регионите кои продуцираат нестабилност:

„Затоа апелирам до сите европски партнери да останат доследни на делото на големите визионери и архитекти на Европа да не дозволат финансискиот банкрот да доведе и до морален банкрот. Затоа апелирам Грција да прифати дека ние постоиме и ќе постоиме како нивни искрени соседи и пријатели“, рече шефот на македонската држава.

Годинава не беше испратена делегација на автентичното место на АСНОМ - манастирот Св. Прохор Пчињски, кој е под јурисдикција на Српската православна црква.

Автор: ЕМФ/миа

Редактор: Симе Недевски

DW.COM