1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија го слави Денот на независноста

Македонија денеска (08.09.2010) прославува 19 години независност. Свеченостите за празникот почнаа уште синоќа, со свечениот прием во македонското собрание, организиран од претседателот на парламентот, Трајко Вељановски.

default

Скопје

Меѓу гостите беа претседателот на државата Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, актуелни министри, пратеници, претставници на верските заедници, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски како и претставници на дипломатскиот кор.

Пред 19 години, кога на референдум над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна Македонија, беше направен, како што рече спикерот, и првиот чекор кон евроатлантските интеграции.

Резултатот од референдумот за отцепување од Федерацијата, кој пред 19 години беше бојкотиран од албанската етничка заедница, тогаш во Собранието го соопшти тогашниот претседател на државата, Киро Глигоров. Синоќа 93-годишниот Глигоров не беше на приемот по повод Денот на независноста, но на приемот се појавија актуелниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов и неговиот претходник, Бранко Црвенковски.

Mazedonien Das Parlament in Skopje

Зградата на македонскиот парламент

Акција на новинарите

Гостите на приемот беа изненадени од новинарската мобилизација, кога собраниските известувачи им ја делеа Декларацијата за повисоки стандарди и достоинство на новинарите, кои во последниве години се изложени на огромен притисок од политиката и сопствениците на медиумите.

Овој писмен револт им беше доставен најпрвин на актуелниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов и на неговиот претходник, Бранко Црвенковски, а потоа и на пратениците. Видлива доза на изненадување беше забележана кај премиерот Груевски.

Закажаното новинарско востание, како облик на протест против загрозената слобода во медиумскиот амбинет, е одложено. Но, скопскиот плоштад нема да остане без незадоволници. За првпат на денот на неависноста, синдикатите организираат протест за поголема социјална заштита, како и против одделни закони со кој Владата ја влошува положбата на работниците.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Жана Ацеска

Поврзана содржина