1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија го прославува Божик

Според Јулијанскиот календар,денеска е Божик. Камбаните во сите православни храмови утрово ширум Македонија го означија Исусовото раѓање. Во црквите се одржуваат утринските Божикни литургии

default

Архиепископот Стефан отслужи Божикна литургија

Македонија се раководи по стариот,јулијански календар,според кој денеска,7-ми јануари,е Божик.Православните христијани празнуваат.

Камбаните во сите православни храмови утрово ширум Македонија го означија Исусовото раѓање.

Во црквите се одржаа утринските Божикни литургии.

И покрај брзотo темпо на живеење,верниците велат дека Божик го собира семејството, предизвикува силни позитивни чувства и ќе ги мотивира луѓето да бидат подобри.

Weinachten in Mazedonien

Чувствуваме радосна,силна енергија,верба,надеж,топлина во душата,велат верниците.

Архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан во Божикната честитка им посака на верниците Божик да им донесе духовна радост.

На свечената литургија во храмот Свети Климент Охридски со која чиноначелствуваше г.г. Стефан присуствуваа и македoнски политичари,меѓу нив и претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски