1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија го поднесува меморандумот во Хаг

Македонија до Меѓународниот суд за правда го поднесе писмениот документ со доказите и аргументите за тужбата, што земјата ја покрена против Грција за кршење на Времената спогодба.

default

Меѓународниот суд за правда во Хаг

Македонија денеска пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг да го поднесе меморандумот со писмените докази во спорот против Грција. Државата ја тужи Грција за прекршување на Времената спогодба од 1995 година, поради ветото за приемот на Македонија во НАТО мината година на самитот во Букурешт. Иако нема докази дека властите во Атина, во Букурешт ставиле формално вето за приемот на Македоанија во НАТО, владата пред речиси една година се определи за судски спор во Хаг. Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски, кога македонската

Internationaler Gerichtshof in Den Haag

Судот во Хаг

влада ја произнесе идејата да поднесе тужба, нагласи: „Македонија беше попречена за добивањето на покана за зачленување во Северноатлантската Алијанса. Ваквото повредување на Времената спогодба ја доведува Македонија во правна несигурност.“ Писмениот документ, што денеска треба да биде доставен до судот во Хаг, покрај другото ќе ги содржи изјавите на официјални грчки претставници и текстови кои можат да послужат како аргумент во процесот.

Грција треба да одговори со своите аргументи до јануари 2010 година, по што процесот треба да продолжи наредната година.

Автор: АЧ/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM