Македонија го повлече барањето за „Прохор Пчињски„ | Вести | DW | 26.07.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија го повлече барањето за „Прохор Пчињски„

*

Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошовски изјави дека властите во Скопје го повлекле барањето до Белград за да овозможат чествување на празникот АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчињски„ на 2 август. Македонија е благодарна за заложбите на министерството за надворешни работи во Белград и е свесна дека одговорноста лежи кај други општествени структури во земјата. Српскиот вице премиер Божидар Ѓелиќ пред два дена во Скопје изјави дека за прашањето е надлежна српската православна црква.