1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија го одбележува 11 Октомври

Со Свечена академија во Домот на армијата во Скопје, во Македонија почна прославата на националниот празник 11 Октомври.

default

Премиерот Никола Груевски им го честиташе празникот на граѓаните на Македонија

Синоќа во Домот на армијата, се оддржа Свечена академија на која химната ја слушаа премиерот и претседателот на парламентот, шефот на државата го немаше.

Сведоците на почетокот на востанието, со гордост се навраќаат на големиот ден. Еден од учесниците е и генерал Тошо Атансоски, кој смета дека е убава прилика и секоја генерација нема таква шанса.

Државни проблеми има - народот е оптимист

66 годишнината од почетокот на борбата за ослободување, Македонија ја дочекува како кандидат за членство во Европската унија. Земја во лоша економска состојба, со бројни внатршно политички проблеми и отворени прашања со соседите. Но македонскиот народ е уверен дека и сега како и во револуционерната 1941ва е на вистинскиот пат.

66 години по големотот востание, Македонија е на крајот на долгиот транзициски тунел, но сеуште далеку од вратите на големото европско семејство.

Борците поддржувачи на вољата на народот

Востанието почна во Прилеп и Куманово на 11октовмври 1941 година. Од денешна дистанца азличните генерации и идеолошки опции имаат поинакви толкувања на периодот по осолободувањето. Премиерот Никола Груевски вчера честитајќи го празникот истакна - Во повоениот развој, како резултат на владеењето на еден систем, кој заврши во музејот на историските илузии, македонското општество мина низ многу искушенија и неправди. Македонија повторно се соочи со еден ретрограден и тоталитарен систем и покрај таквиот развој на настаните ние мораме да ја заштитиме вистината за учесниците во антифашистичката борба. – рече премиерот.

Претседателот на Сојузот на борците Гавро Пановски на нациијата и го честитаа 11 Октомври и истакна дека борците секогаш биле поддржувачи на народната воља.

Прославата продолжува во Прилеп и Куманово

Раскараните политичари создаваат неединство и меѓу народот, на граѓаните им пречи што поради суети трпи државата. За Димитар Стевананџија од Прилеп е несфатливо за националните интереси кои се од круциално значење да има неединство меѓу единките генетски поврзани во еден народ. Професорот Ферид Мухиќ пак смета дека народот сеуште е единствен, иако има и конфронтации.

Прославата на јубилејот денеска продолжува со повеќе манифетсации во Прилеп и во Куманово. Претседателот Бранко Црвенковски заминува во посета на македонските војници во Авганистан.