1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија главно ги почитува верските права

Стејт департментот го објави извештајот за верските слободи и права. Македонија генерално ги почитува, но има бројни слабости во оваа сфера, е оценката на Вашингтон. Какви се реакциите од Скопје?

default

Скопје: генерално се почитуваат верските права

Надлежните во Македонија размислуваат за корекција на Законот за верски заедници донесен во 2007 година. Оваа најава следува по забелешките во однос на верските права и слободи во Македонија изнесени во денеска објавениот извештај на Стејт департментот. Во изјава за Дојче веле претседателот на комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска вели дека законот е либерален, но признава оти се размислува за измени што ќе овозможат уште поголема слобода на верско изразување.

„Би сакала со сите поглавари на верските заедници и одговорните лица на помалите верски заедници да седнеме и да видиме во кој дел би можеле да се направат корекции. Прво би можело да се забрза процедурата за регистрација во однос на поднесокот и брзината на одговорот“.

Skopje Orthodox church

Повеќе забелешки на адреса на Македонија

Во извештајот на Стејт департментот се посочени повеќе слабости. Меѓу позначајните се изградбата на црква на плоштадот, прогласувањето на дел од верските празници за државни, како и прашањето за непризнатата црква на Вранишковски. Во Уставот се споменати пет религиозни групи - МПЦ, ИВЗ, католичката црква, Еврејската заедница и евангелистичко-методистичката црква. Припадниците на другите религиозни групи забележуваат дека токму наведените во Уставот, пет верски заедници имаат повластен третман од властите. Божиновска не го смета за отворено прашање статусот на таканаречената ПОА на Вранишковски.

„Имаше сериозни проблеми во однос на поднесокот за регистрација за што се изјаснија сите судови во земјата. Но, бидејќи законот е либерален, Вранишковски има право да аплицира за регистрација и во иднина“.

Mazedonien Land und Leute Moschee in Tetovo

Во џамија во Тетово

Генералната оценка е главно добра

Генералната оценка на Вашинготн е дека во Македонија главно се почитуваат верските слободи и права. Никој не е затворен поради верски убедувања, ниту принуден да ја смени верата, се вели во извештајот на Стејт департментот.

Објавувањето на извештајот се случува само ден по притворањето на поранешниот владика Јован Вранишковски сега член на српскиот синод на српско бугарската граница. Судот во Битола издаде потерница бидејќи Вранишковски е осуден на казна затвор од две и пол години поради проневера на неколку стотици илјади евра. Српските владици со писмо до бугарскиот претседател побраа негово ослободување, а македонскиот министер за правда Михајло Маневски бара Вранишковски да им биде предаден на македонските власти.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска