1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија ги исполнува условите за патување без визи

Ниту една од земјите членки на ЕУ не изразила резерви во однос на Македонија, кога станува збор за исполнувањето на условите за укинување на визите.

default

Денес (04.06.2009) во Луксембург, за првпат на високо министерско ниво, се расправа по извештајот на Европската комисија за тоа колку земјите од Западен Балкан напреднале во исполнувањето на условите за визна либерализација, но не се очекува никаква конкретна одлука.

Во мислењето за напредокот на патот кон визна либерализација, се вели дека Македонија ги има исполнето сите услови за укинување на визите, како во областа на сигурноста на личните документи и контролата на границите, така и во јавната безбедност. Тоа не е случај со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, додека Косово не беше опфатено со оваа проценка на Европската комисија.

По првичните размени на мислења во однос на визната либералзиација, се вели дека ниту една од земјите членки на ЕУ не изразила резерви во однос на Македонија. По доставувањето на мислењето до земјите членки, ова ќе

Visum für Deutschland

биде првпат визното досие за Западен Балкан да се отвори на министерско ниво. Но, како што се нагласува, премногу е рано да се очекува каква било одлука, бидејќи земјите-членки сé уште немаат изградена позиција за извештаите на Европската комисија.

Словенија посакува на денешниот состанок да се расправа за визното досие, со цел да изврши притисок врз останатите земји членки, за да се покаже дека визната либерализација за Балканот е приоритет.

Освен големо изненадување, денес не се очекува да биде донесена одлука во Луксембург, бидејќи, според информациите од Европскиот совет, визите се најавени како точка на дневниот ред за десетина дена, поточно на 15 јуни кога се состануваат министрите за надворешни работи на ЕУ. Тогаш, ЕУ може да усвои заедничка политичка декларација за што поскоро укинување на визите за Западниот Балкан.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска