1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Македонија ги исполнува минимум стандардите за елиминација на трговијата со луѓе

Американскиот Стејт департмент денеска го објави извештајот за трговијата со луѓе во светот. Македонија е повторно вратена во групата земји кои го исполнуваат минимумот стандарди за елиминација на трговијата со луѓе.

default

„Македонија е извор, дестинација и транзит – земја за трговија со бело робје и присилна работа на мажи, жени и деца“, забележува Стејт департментот во најновиот извештај за трговија со луѓе. Македонија е ставена во првата група земји, кои исполнуваат минимум стандарди за елиминација на трговијата со луѓе.

Во извештајот се забележува дека со македонските жени и деца се тргува внатре во земјата, а мажите се принудувани да работат во регионот. Македонските жртви и странците кои транзитираат низ земјата се присилувани на проституција или на присилна работа во Јужна, Централна и Западна Европа. Жртвите на трговија со луѓе кои се принудувани на проституција во Македонија потекнуваат од Албанија, Бугарија, Србија и Косово, нотира Стејт департментот во својот извештај. Децата, меѓу кои и оние од ромско потекло, се принудени да питаат на улиците и пазарите. Профилот на трговците со луѓе се исцртува меѓу сопствениците на барови, ноќни клубови, мали хотели, како и такси возачи, вратари и оние кои регрутираат луѓе за танцување.

NO FLASH Junges Mädchen als Opfer von häuslicher Gewalt

Македонската влада минатата година ги исполнила минимумот стандарди за борба со ваквата состојба, со тоа што го зголемила бројот на обвинети трговци со луѓе. Во истовреме, владата отворила и засолниште за домашните и странски жртви на трговија со луѓе. Стејт департментот и‘ забележува на владата дека постојат проблеми во идентификувањето на случаите на трговија со луѓе и оти постои ризик неидентификуваните жртви да продолжат да се соочуваат со експлоатација или депортација во друга земја. Во извештајот и‘ се укажува на владата дека треба да ги поттикне жртвите на трговија со луѓе да останат доволно долго во земјата, за да помогнат во изведувањето на нивните трговци пред суд. Како напредок се забележува што е променет законот и минималната казна за трговијата со луѓе за проституција е подигната на четири години.

Mazedonien Ausweis

Министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска

Македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, вели дека извештајот не смее да се сфати како нешто што е подарено или како статус кој е засекогаш заслужен. Таа додаде дека тој е признание за напорите и резултатите кои ги постигнало министерството за внатрешни работи. Македонија во 2008 и 2009 година се наоѓаше во истата категорија на Стејт департментот, а во 2010 се спушти една категорија подолу.

Извештајот за трговија со луѓе на Стејт департментот е дипломатска алатка која ги тера странските влади да се ангажираат за борба против трговијата со луѓе. На црната листа оваа година се најдоа 23 држави, кои не ги исполнуваат минималните стандарди за борба со трговијата со луѓе и можат да се соочат со санкции, согласно американското законодавство. Со извештајот се опфатени 184 земји во светот.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска