1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија во чекалната на ЕУ

За жал 2010 изгледа дека е изгубена година за Македонија. Тоа е навистина штета, бидејќи сите чувствувавме реален оптимизам на крајот на 2009 година, кога беа укинати визите, порачува европратеникот Зоран Талер.

default

Сега се случува она, на што предупредував пролетва, имено дека Македонија може полека полека да се симне од дневниот ред на ЕУ и тоа е многу опасно, вели Зоран Талер во однос на надежите за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ. Опасно е дека со ова се губи огромната енергија што Македонија ја вложи изминатите години за да го добие кандидатскиот статус, кој е од огромен стратешки интерес за македонската држава и нација. Опасно е и дека постои ризик од дестабилизирање на регионот, тоа не се слуша често, но тоа е реалност. Предупредувам, исто како и некои мои колеги, на потребната одговорност и солидарност на земјите членки на ЕУ и посебно на Грција. Никој нема да ја избегне одговорноста ако работите тргнат негативно, додава Талер.

Zoran Taler

Словенечкиот европратеник, Зоран Талер

Европратеникот Зоран Талер со жалење констатира дека живееме во време на реална политика, од што се гледа дека е потребно да се направат напори за потребниот компромис со Грција. Времето не работи ниту за Македонија, ниту за Грција. Секој ден Грција си стрела по еден куршум во коленото, бидејќи претендира на некаква улога на Балканот, што е неможно се’ додека го блокира првиот сосед на патот кон евроинтеграцијата.

Средба на власта и опозицијата

За жал, ние странските набљудувачи од Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на Европа, забележуваме дека оваа тема стана предмети и на внатрешно-политички судири во Македонија. Треба да се вложат напори за да се најде заеднички став на врвот на партијата, претседателот на државата и клучните институции за темите од национално значење за македонската држава и нација. Талер смета дека звучат бизарно обвинувањата оти тој бил на страна на опозицијата во Македонија, со што се руши нејзиниот кредибилитет.

Treffen in Griechenland

Решението е во рацете на двајцата премиери: Папандреу и Груевски на една од средбите

Во Стразбур и Брисел е нејасно зошто се работи тоа, но очигледно внатрешно-политичките навики се користат и за странците. Според Талер потребно е да се чуваат ретките пријатели на Македонија како зеницата во окото.

Тој инаку нема одговор на неговото барање ЕУ да и’ даде датум за преговори на Македонија.

Долго и неизвесно чекање

Откако е извесно дека Македонија нема да добие датум за преговори за членство во ЕУ на декемврискиот самит во Брисел, според европратеникот Јорго Шацимаркакис сега останува да се чека, чека и чека. Сите знаеме дека излезот е наоѓањето решение за името. Тоа е во рацете на двајцата премиери, Груевски и Папандреу, тие се кои што треба да најдат решение, ние можеме само да чекаме и чекаме, порачува Шацимаркакис.

Mazedonien EU-Parlamentarier Jorgo Chatzimarkakis Skopje

Германскиот европратеник, Јорго Шацимаркакис

Тој и’ советува на владата во Скопје да ги исполни и да ги зачува сите европски вредности и критериуми од Копенхаген и нагласува дека тоа не треба да се заборави. Доколку такво нешто се случи, тоа ќе биде опасно за евроинтегративниот процес на Македонија.

Шацимаркакис денес е загрижен за Македонија, бидејќи сите напори што ги вложи народот во процесот н трансформација не наидоа на соодветен одговор од владата во Скопје, но за жал и од другите влади во Европа. Тоа е навистина штета, бидејќи народот е тој кој ги направи сите овие напори.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM