1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Македонија во фокусот на Балкан блек бокс фестивалот во Берлин

Неделава по шести пат во Берлин се оддржа фестивалот на филмот, музиката, уметноста, културата и политиката именуван како Балкан блек бокс, на кој се претставуваат земјите од Југоисточна Европа. Годинава во фокусот на фестивалот беше Македонија.За првпат се поделени и одличја и специјалната награда на житито ја доби македонскиот анимиран филм ”Облици” на Страхил Темов од Скопје, додека пофалница доби и документарецот ”Случајот на Тони Манџа” на Марија Џиџева.

Во Никелодеон, во киното АКУД, во хангарите на РАВ темпел, на кусо на берлинската алтернативна сцена изминативе денови продефилираа повеке десетици филмски остварувања, изложби, дискусии и концерти на учесниците на Балкан блек бокс фестивалот, меѓу кои вниманието како по присуството, така и според кажаното го привлече Македонија која својата култура за првпат ја презентираше во целост: филм, изложба, музика, поезија...

Како што објасни Билјана Гарванлиева, задолжена за македфонскиот настап, целта беше да се направи еден дијалог меѓу македонските и европските уметници, а идеја е интеграција на македонската уметност во Европа, а европската во Македонија,

Од шестте македонски краткометражни филма кои беа прикажани на фестивалот , специјалната награда жирито ја додели на филмот ”Облици”, првенче на скопјанецот Страхил Темов.Тој не ја криеше радоста за добиеното одличје и објаснува дека ”Облици” е 3 – д анимиран детски филм кој трае 12 минути и е приказна за основните геометриски форми: линијата, кругот, триаголникот и квадратот. Проектот го финансирало , но целосно не го доисплатило македонското министерство за култура. Зошто, авторот не знае?! Во позадината на филмот оди музиката на ”Беј де фиш” кој на фестивалот имаше концерт и музички ја претставуваше Македонија.

”Како лош сон” на Антонио Митиќески беше прикажан во категоријата играни филмови. По проекцијата Митриќески прв пат за нашата програма обелодени дека и наредните креативни планови му се врзани за Берлин каде ќе има пробно триденвнио снимање на новиот проект ”Траги на патот”. Станува збор за љубовна драма, многу посветла од ”Како лош сон”.

Покрај со подвижните слики, македонската уметност на фестивалот беше презентирана и преку фотографиите на индустриски пејсажи на Панче Велков, а вниманието го привлече и урбаната хаику поезија на струмичанецот Никола Маџиров.