1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија во полуфинале на Европското првенство

Скопје мина низ луда ноќ, радосна, еуфорична. Се славеа македонските кошаркари, јунаците кои надвишија исклучително тешка бариера и извојуваа уште една херојска победа за влез во битките за медал на ЕП во Литванија.

default

Македонските кошаркари во полуфинале на ЕП 2011

Оној момент кога се огласи сирената во Каунас, промовирајќи ја Македонија во полуфиналист на Европското првенство, се „запали“ Скопје обземено од победничката треска. Се сјати се’ живо кон плоштадот Македонија, собирниот центар за сите, и за старо и за младо, за да се подели неизмерната радост предизвикана од блескавата победа над кошаркарски моќната Литванија со 67:65.

Заглушувачки звуци на автомобилските сирени, изливите на  радост, досега недоживеана, безброј македонски знамиња беа декорот на речиси  секој

Autokorso in der mazedonischen Hauptstadt Skopje

Фан на македонските кошаркари

автомобил. И огномет на полноќ, го распара скопското небо. Сите со радост исполнети, ликуваа...

„Чуството не се опишува! Многу сме горди, среќни и радосни.“

„Се чуствувам одлично, го изненадивме светот!“

„Супер е! Одиме на медал, на златен медал. Момците ’изгинаа’ на теренот.“

„Најсилно чуство. Сакам да ги поздравам сите играчи- Дарко Соколов, Војдан и Дамјан Стојановски- најдобрите одбрамбени играчи. Им благодарам многу на Бо Мекејлеб и на нашиот капитен Перо Антиќ, ќе постигне 20 поени во полуфинале.“

Од успехот изненадени и добрите познавачи на кошарката

Антиќ, Мекејлеб, Илиевски, браќата Стојановски, Самарџиски, сите 12-мина и тренерот Докузовски се величаат. Восхитеност и неверување дека Македонската

Marin Dokuzovski

Марин Докузовски

кошаркарска репрезентација влезе во магичниот круг на аспирантите за медал. Некогашниот македонски кошаркарски ас Стеван Гешовски, возбудено зборува:

„Ова е прекрасно. Никој не очекуваше дека ќе имаме повеќе од две победи. Навистина немам зборови за ова што се случи.“

И Зоре Темелковски, долгогодишен кошаркарски работник, е изненаден од резултатите на македонскиот тим во Литванија.

„Јас сум изненаден и шокиран од успехот што го направија македонските кошаркари. Но, не ме изненадува тоа што оваа генерација е целосно посветена на кошарката. Посебно му се восхитувам на Марин Докузовски. Тој е тренер со европски манири и квалитет. “

Autokorso in der mazedonischen Hauptstadt Skopje

Во Скопје се славеше победата

Во еуфоричната маса од пресреќни луѓе во центарот на Скопје беше и познатиот македонски одбојкар Горан Србиновски.

„Голем е успехот на македонската репрезентација против домаќинот. Им посакувам да играат финале. Се бореа лавовски. Имаат огромни честитки од мене како спортист.“

Со местото меѓу полуфиналистите е направен огромен чекор, Македонија обезбеди учество на квалификациониот турнир за Олимписките игри во Лондон. А, во полуфиналето пред македонскиот состав е испречена Шпанија, фаворитот број еден за златниот медал.    

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM