1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија во најсилната група за СП

Возбудливо македонско фудбалско лето. Работнички против Анортозис на Кипар ја извојува и петтата победа во третото коло од Лигата на Европа. Започна новото првенство на Македонија. Кој ќе биде новиот фудбалски селектор?

default

Дали нивните наследници ќе се радуваат во новиот квалификациски циклус? Гоце Седлоски и Илчо Наумоски

Кулминација е жрепката во Рио за квалификациите за наредното светско фудбалско првенство. Хрватска, Србија, Белгија, Шкотска и Велс, во А групата се испречени пред репрезентацијата на Македонија. Повод за коментари, воздишки, исчекувања. Бобан Бабунски, познатото македонско фудбалско име е со следниот коментар:

„Факт е дека е најсилна група досега што сме ја добиле. Анализирајки ги претходните квалификации за европско или за светско секогаш имавме некој аутсајдер, Андора или Малта, некој слаб противник кога на некој начин бевме сигурни дека патуваме на тие натпревари за да ги победиме, но овој пат сите се силни противници.“

Противниците се реномирани, но и добро познати. Трет пат Македонија ќе игра против Хрватска, втор пат ќе ги вкрсти копјата со Србија, Белгија и Шкотска, само со Велс ќе е првото соочување.

„Секогаш сме знаеле дополнително да се мотивираме против Србија и Хрватска. Познато е дека Шкотска и Велс се екипи што можеби теоретски секогаш ни одговараат, според начинот на игра и тука е Белгија која што исто така е во некоја трансформација, не е веќе онаа Белгија со оние силни имиња.“

Селектор за еден натпревар?

По заминувањето на селекторот Мирсад Јонуз, до изборот на новиот репрезентативен кормилар, вршител на должноста селектор е Бобан Бабунски. На 10 август во Баку ќе ја предводи Македонија во пријателското одмерување на силите против Азербејџан.

„Има доста млади играчи во кои што имам голем доверба, и оние од поголемиот дел кои што беа костурот на тимот во изминатите квалификации. Едноставно ќе биде обид да се одигра максимум добро. Шанса ќе добијат некои млади играчи кои сериозно чукаат на вратата на првиот тим.“

Бабунски пред неколку години беше со сличен статус на ВД селектор, кога Македонија во Амстердам одгра 0:0 против Холандија. Кусо остана. Дали се гледа себеси како иден селектор?

„Не, вопшто не размислувам на тој начин. Мојата концентрација е само за овој натпревар.“

Генерацијата што доаѓа е со поинаков менталитет

Fußball EM 2010 Qualifikationsspiele Mazedonien Slowakei Flash-Galerie

Момент од дуелот Македонија-Словачка во квалификациите за Еуро 2012


Како актуелен селектор на младата селекција, Бабунски смета дека македонската репрезентација има перспектива.

„Доаѓа една нова генерација на млади играчи кои што се наметнуваат, имаат друг начин на размислување, друг менталитет. На многу натпревари докажаа дека не респектираат кој е од другата страна, настапуват дрско и храбро сакајќи да покажат дека и тие се во главна улога на теренот.“

Започна 20-то јубилејно фудбалско првенство на Македонија по осамостојувањето. Првакот Шкендија загуби во Турново со 2:1. Вардар во Прилеп победи против 11 Октомври со 1:0. Работнички славеше над Брегалница со 2:1. Какви се очекувањата на Бобан Бабунски?

„Да се надеваме дека ова првенство ќе биде многу поквалитетно. Можеби на почеток ќе има изненадувања зошто се уште не е фатен оној вистински ритам или оние екипи кои што направија кикс на стартот, како Шкендија- изморени од европските натпревари. Но, во текот на првенството повторно ќе си дојде квалитетот на прво место и би сакал да има повеќе екипи кои што ќе конкурираат за прво место.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Борис Георгиевски