1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија во Куманово и‘ дели лекција по европски дух на СПЦ?

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата на српската влада кај споменикот Забрњак е во европскиот дух за градење добрососедски односи. Српскиот претседател Николиќ: Србија и Македонија со прославата праќаат порака за мир.

default

ВМРО-ДПМНЕ смета дека денешната (28.10) прослава кај споменикот Забрњак во Македонија е прослава на Република Србија, по повод 100-годишнината од победата на Србија над Османлиското царство. Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како што е наведено во соопштението од партијата, не го смета овој чин за симбол, со кој што било треба да прославуваат Македонците.

„Владата на Република Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, единствено се согласи српската Влада достоинствено да го прослави овој, за нив историски чин, на местото на битката кое денес е територија на Република Македонија, заради две работи. Прво, прославата на српската влада кај споменикот Забрњак е во европскиот дух за градење добрососедски односи со сите соседи, вклучително и со Србија. Само во тој контекст, како почит кон нашиот сосед и градењето добри односи, може да се сфати присуството на македонски политичари на настанот и второ, со овој чин Македонија покажува јасна динстинкција во однос на СПЦ и некои структури кои во минатото ја поддржуваа, а која не дозволуваше влез во манастирот Прохот Пчињски на македонската делегација, со цел одбележување на асномски Илинден, во просторијата каде што се одржал. Тоа што го прави СПЦ е пример како не треба, а тоа што го прави Македонија е пример како треба да се гради заедничката европска иднина. Чинот на постапување на Република Македонија е чин кој се случува во Европа денес во 21-от век, а чинот на СПЦ е чин исто така од Европа, ама од 19-от век“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Mazedonien Gruevski und Serbien Nikolic

Српскиот претседател Томислав Николиќ за време на посетата се сретна и со македонскиот премиер Никола Груевски

Од партијата потсетуваат дека ВМРО се борело и против Османлиското ропство, но и против новите владетели кои победија кај Забрњак. Таквата борба на ВМРО, велат, конечно се круниса преку заседанието на АСНОМ и преку референдумот за независност на 8-ми септември 1991. година, кога се оствари сонот за слободна, независна и самостојна Македонија.

„Но, денес сме во 21. век и Македонија како слободна и независна држава има пријателски односи и гради соработка и со Република Турција и со Република Србија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Николиќ: Србија и Македонија праќаат порака за мир со одбележувањето во Куманово

Одбележувањето на 100 години од Кумановската битка претставува порака за мир, соработка и разбирање што Македонија и Србија ја испраќаат до регионот и светот. Ова денеска (28.10) го порача српскиот претседател Томислав Николиќ на брдото Зебњак кај Куманово, на централната манифестација по повод одбележувањето на 100-годишнината од Кумановската битка.

„Прославата во пријателска Македонија е израз на почитување и сеќавање на една од најзачајните победи, со што започна цивилизацискиот пресврт во историјата на Балканот, Европа и на светот“, истакна Николиќ.

Оценувајќи дека денес проблемите не се решаваат со оружје, туку со мудрост, Николиќ рече дека на Србија и‘ претстојат поинакви битки со значителна историска тежина.

На централната манифестација кај Куманово се собраа неколку илјади лица, а присуствуваа и српскиот премиер Ивица Дачиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик и македонската министерка за култура, Елизабета Канчевска Милевска. Со ова српскиот претседател Томислав Николиќ денеска ја завршува својата тридневна, воедно и прва посета на Македонија откако стапи на функцијата.