1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија во исчекување на пласман на ЕП во кошарка

Кошарката деновиве е главниот спортски хит во Македонија - репрезентацијата е на чекор до пласман на Европското првенство. Каква е оценката на поранешниот селектор на репрезентацијата, Марковски за развојот на кошарката?

default

Кошарка

Заре Марковски, екс-македонски селектор, тренер кој близу две децении работи во Италија е на пропатување е во Скопје. „На покана од Њујорк Никс ќе бидам на Светското првенство во кошарка во Истанбул. Деновиве се подготвувам за пат во Турција. Мојата обврска ќе биде да дадам техничка оценка за развојот на кошарката во Европа.“

Zare Markovski

Заре Марковски

Внимателно Марковски ги следи настапите на Македонија во квалификациите. Очекува ново нејзино учество на Европското првенство. „Мислам дека е Македонија на чекор од Европското првенство. Особено е добро што е ова втора генерација на македонската кошарка по осамостојувањето, која обезбедува учество. Трагите од кошарката на поранешна Југославија бледеат. Ова е доказ дека Македонија раѓа нови таленти, кои одат напред, напредуваат!“

Рамо до рамо со најсилните кошаркарски школи

Pero Antic Kapitän Mazedonisches Basketball Team

Перо Антиќ, кaпитен на македонската кошаркарска репрезентација

Пред 11 години Македонија првпат играше во завршницата на едно Европско првенство, во Франција, а нејзин селектор беше токму Заре Марковски. Имаат ли некакви допирни точки селекцијата од 99-та со оваа денеска? „Освен Гечевски и Чековски допирни точки меѓу двете генерации, нема. Ова е резултат на нова талентирана генерација и на талентиран народ. Речиси од ништо овие кошаркари се мерат со најсилните кошаркарски школи.“

Работнички - слабост и тага

Првите тренерски чекори Марковски ги направи во најпознатата македонска кошаркарска средина, во Работнички. Со резигнација ја коментира состојбата во која се наоѓа клубот во моментов. „Работнички е моја голема слабост и тага. Работнички претставува голем срам за општествено-политичката јавност во државата. Брендовите како што се Танец, ФК Вардар и други да се препуштат на битисување не е во ред. За нив е потребен поширок општествен интерес, кој за жал во моментов не постои.“

Италијанската киошарка во криза, НБА не може без Европа

За италијанската кошарка, која минува низ резултатска криза и на клупско и на репрезентативно рамниште, нашиот соговорник има свое толкување. „Италијанската кошарка умира во својата убавина, во самозадоволувањето дека има оптимални услови за работа и професионална надградба. Голема е кризата. Младите се’ помалку имаат место во неа. Се оди на резултати на куси патеки. Моментната гарнитура на сопственици на клубовите гледаат многу краткорочно и нема планови за излегување од

Basketball Europameisterschaftsfinale Spanien gegen Serbien

Кошарка

кризата. Федерацијата пак, од своја страна не е моќна да влијае врз клубовите. Сево ова е една голема дисхармонија.“

Америка и натаму е светскиот кошаркарски лидер, но Европа се’ повеќе и се доближува и НБА лигата веќе не може да се замисли без европски кошаркари, смета Заре Марковски: „Уверен сум дека од техничка гледна точка, европската кошарка и е рамноправна на американската. Американците, благодарение на физичките предиспозиции, на спектаклот кој го организираат и на огромниот базен на таленти од кои црпат, се се’ уште лидери во кошарката. Но, без европските ѕвезди се’ потешко САД може да ги состави екипите. Се’ на се’ разликата во квалитет постојано се намалува.“

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска