1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија во борба за нова победа

Ракометарите на Македонија во рамките на светското првенство вечер за противник ја имаат екипата на Данска. Голманот Митревски најавува борба за два бода.

Македонската ракометна репрезентација вечерва со почеток од 20 часот и 15 минути во салата „Сан Пабло“ во Севиља против Данска го игра натпреварот од 5. коло од групата Б. „Црвено-жолтите“ со евентуална победа ќе го избегнат четвртото место во групата и ќе се надеваат на полесен противник во осминафиналето.

Јунакот на натпреварот со Русија голманот Никола Митревски, кој тој дуел во средата го заврши со шест одбрани најавува голем борба за освојување на двата бода.

„Може да ни биде од мала помош тоа што Данците веќе го имаат обезбедено првото место во групата и евентуално да калкулираат. Ние сме максимално подготвени и ќе дадеме максимум и одиме на победа. Слободниот ден е искористен за анализа на Данска, како на нивниот напад така и на нивната одбрана“, изјави Митревски.

Македонија и Данска досега имаат одиграно два натпревара и на двата победи постигнаа Данците.