1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија: Во Албанија ќе се патува само со лична карта

По спогодбата со Србија, Македонија сега и со Албанија склучи договор кој ќе им овозможи на државјаните на двете земји, за поминување на државната граница само со важечка биометриска лична карта

default

Тирана

Македонија и Албанија денеска го потпишаа договорот за патување во двете земји само со лични карти. Договорот беше потпишан на маргините на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД.

Значаен сигнал за интеграциските процеси

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien

Министерот за надворешни работи на РМ , Никола Попоски

Спогодбата ја потпишаа министерот за надворешни работи на Македонија Никола Попоски и потпреседателот на владата на Албанија и министер за надворешни работи Едмонд Хаџинасто. Потпишувањето на Спогодбата, министерот Попоски, го оцени како многу значаен сигнал за интеграциските процеси кои се во тек.
„ Сметам дека тоа е едно скалило до моментот додека сите ние станеме членки на НАТО и ЕУ, каде движењето ќе биде непречено. Од тој аспект денешниот договор има голема вредност и сметам дека граѓаните од двете страни на границата целосно ќе можат да го исползуваат“, истакна Попоски.
Хаџинасто рече дека соработката меѓу двете земји се интензивира, а Спогодбата претставува еден вид подготовка на Македонија и Албанија за идно членство во ЕУ.

Со потпишувањето на оваа спогодба, по нејзиното стапување во сила, ќе им се овозможи на македонските и на албанските државјани да влегуваат, излегуваат, транзитираат и краткорочно престојуваат до три месеци во секој шестмесечен период, сметано од денот на првото влегување, со важечки биометриски лични карти. Македонија ваква спогодба досега има потпишано со Србија а најавено е и склучување ист договор со Црна Гора.

Автор: СН/БГ/макфакс/миа

Редактор: Александра Трајковска