1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија воздивна со олеснување

Освен лошите временски услови, ништо друго не го попречи изборниот процес во Македонија. Владата горда на добрата организација, но опозицијата потсетува - изборите се` уште не се завршени.

default

Првиот круг помина лесно, останува неизвесноста за вториот

Снежно - овој краток коментар на евроамбасадорот во Македонија, Ерван Фуере, е обединувачка оценка за условите под кои се гласаше, но и порака дека нема црни дамки во реализацијата на првиот круг од претседателските и локални избори во Македонија. Тој помина без нарушувања на изборниот процес, ако се изземат неколку поединечни испади. „Атмосферата е позитивна, им благодарам на сите граѓани кои гласаа, и покрај лошите услови и се надевам дека изборите ќе бидат запаметени како снежни“, кажа Фуере.

Целиот дипломатски кор во Македонија беше распореден на местата каде лани имаше сериозни инциденти. Тие беа дел од мониторингот на меѓународната заедница, во која беа вклучени ОБСЕ, Советот на Европа и дипломати во Скопје. „Впечатоците се бројни, зашто имавме и голем број набљудувачи“, кажа Јанес Ленартич, директор на ОБСЕ, чија екипа од над триста набљудувачи денеска ќе ги соопшти резултатите од вчерашните избори, што ЕУ ги одреди како матурски испит за европската демократија во Македонија.

Изборите се` уште не се завршени

Präsidentschaftskandidat Geogi Ivanov in Mazedonien

Ѓорѓе Иванов (ВМРО-ДПМНЕ) со 37 насто од гласовите убедливо води

Покрај победничката атмосфера, премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, доцна синоќа коментираше: „Република Македонија помина низ едни од најуспешно организираните избори, без инциденти, без насилство, со целосно изразување на слободната волја на граѓаните“.

Од друга страна, пак, Радмила Шеќеринска, поранешен лидер на СДСМ и актуелен претседател на Националниот совет за евроинтеграции, оцени: „Не можеме да имаме одлични избори, ако тие не се завршат и со квалитетна оценка. Ова значи дека не треба однапред да прогласиме дека изборите се завршени. Вториот круг ќе биде можеби писмен, но значаен испит“, нагласи Шеќеринска.

Мендух Тачи, пак, со задршки околу изборниот процес: „Луѓето не се навикнати да гласаат во присуство на специјалци и полиција. Не можете никого да убедите дека тоа се демократски избори. Мирни беа, но не и демократски“, додаде Тачи.

Mazedonien Wahlen 2009

Втор е Љубомир Фрчкоски (СДСМ) за кого гласале 20 насто од избирачите

Завршницата на изборите следи за две недели, кога ќе се избере новиот шеф на државата. Во вториот круг влегуваат Ѓорѓе Иванов и Љубомир Фрчковски, колеги од правниот факултет, но лути противници во претседателските избори, со дијаметрално различни погледи кон меѓународните приоритети. „Навистина имавме голем ден за Македонија. Голем ден за европска Македонија. Европска Македонија, за која говоревме во текот на целата наша кампања. Сите имаме капацитет да спроведеме фер и демократски избори“, рече универзитетскиот професор Иванов. Во вториот круг влегува со предност - за него гласале 37 насто од избирачите. За Фрчкоски 20 насто, за Бошкоски 16.5, додека за Селмани се изјасниле 13 насто од гласачите.

Кој со кого во вториот круг?

Wahlen Mazedonien

Македонија го положи усниот испит, останува да го положи и писмениот по две недели

Според извори на ВМРО-ДПМНЕ, невладината организација МОСТ, која ги следеше изборите со околу 3.700 доброволци, тврди дека за Иванов гласале 35 насто, за Фрчкоски 20 насто, а Селмани е трет. Не се остварија прогнозите за своевидна етничка трка за претседател на Македонија, но од штабот на Нова Демократија се задоволни што имаат гласови и во македонските етнички средини. Во владината ДУИ исто така владееше славеничка атмосфера, особено поради освоените градоначалнички места. Коалицискиот партнер најави поддршка за Иванов во вториот круг, иако тоа ќе биде условено со гаранции за решавање на грчко-македонскиот спор, како услов за нивниот етнички приоритет - НАТО и ЕУ. „Најбитните цели, за нас како политичка партија, се безбедна и стабилна Македонија, а тоа ќе се постигне само со влез во НАТО. Немаме добри релации со соседите, како на пример со Република Грција, а тоа ја влошува климата во целиот регион“, истакна вчера министерот Муса Џафери.

Планинските села останаа завеани

Од паралелните претседателско-локални избори се` уште е неизвесно кој ќе раководи со Скопје, иако Гоце Трајановски (ВМРО-ДПМНЕ) има предност, пред опозицискиот кандидат, Тито Петковски (НСДП).

На вчерашните избори не се гласаше во околу 130 планински села, завеани со снежна покривка и до еден метар. „Иако побаравме, не дојде никој да го исчисти снегот, па цело село не гласаше“, вели еден жител од скопското село Количани, оддалечено само триесетина километри од метрополата. А токму локалните избори се тест за тоа колку општинските власти се блиску до потребите на граѓаните.

DW.COM