1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија води според бројот на невработени

Македонија во 2008-ма ќе има раст на бруто-домашниот производ од 5%, инфлација од 3% и невработеност од 33%. Виенскиот економски институт прогнозира-Македонија ќе остане европски лидер по стапката на невработеност.

default

Годинава не треба да се очекува позначајно раздвижување на деловниот амбиент во Македонија. Тоа, како што прогнозира и во најновиот извештај институтот од Виена, ќе се случи дури в година, кога во целиот регион на ЈИЕ се очекува побрз раст на економиите. За споредба – Албанија и Црна Гора годинава ќе имаат поголем економски раст од Македонија и помала невработеност. Тоа, според еден од стручњаците од оваа реномирана економска институција, и во наредните години ќе биде клучен проблем на македонската економија. Професорот Владимир Глигоров вели: „Нема назнаки дека има подобрување кога станува збор било за вработувањето или за невработеноста, така што тоа и натаму е најголем проблем во Македонија.“

Невработеноста ќе се намалува многу бавно, за по еден процентен поен во наредните две години. Според ова предвидување, и во 2010 година, кога Македонија ќе има раст од 6%, таа ќе биде земја со најголем број луѓе без работа. Експертите од Виенскиот институт,, препорачуваат Македонија да спроведе силни структурни реформи во здравството, пензискиот систем и во образованието, за да ги постигне стандардите кои ги бара ЕУ од земјите претенденти за членство. Клучни во битката со најголемиот проблем – невработеноста, треба да бидат и странските инвестиции.