1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија влегува во Европол

На министерскиот Форум за правда и внатрешни работи на ЕУ и Западен Балкан денеска (04.10.11) Македонија потпиша оперативен договор за размена на информации со Европол и договор за екстрадиција со Црна Гора.

default

Македонија е единствената земја од регионот, по Хрватска, која и покрај тоа што не е членка на Европската унија, потпиша оперативен договор со Европол. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска рече дека пред ратификацијата на договорт во македонскиот парламент ќе следи изработка на акциски план, а потоа ќе отпочне и спроведувањето.

„Договорот е големо признание за Македонија и потврда дека ги постигнала стандардите кои важат во Европската унија. Се потврди дека МВР како институција надлежна за негово спроведување ги поседува сите капацитети. Европол во нас гледа како на партнер, на кој може да се потпре и при најсложените полициски операции“, рече Јанкуловска.

Преку Европол на Македонија ќе и бидат достапни мрежите на податоци, кои ќе помогнат во расветлувањето и спречувањето на меѓународните кривични дела. Оттука и согласноста на сите учесници на Форумот, дека проблемите треба да се извадат на една маса и еден по еден да се решаваат со меѓусебна отворена соработка. 

На маргините од форумот министрите за правда на Црна Гора и Македонија, Душан Марковиќ и Блерим Беџети потпишаа договор за екстрадиција. Според нив екстрадицијата е еден од најдобрите инструменти за заштита од последиците на криминалот. Министерот Беџети рече дека договорот не е важен само за граѓаните од двете земји, туку и за регионот, кога станува збор за борбата против криминалот и ќе овозможи и ефикасна соработка меѓу надлежните служби.

Македонија ги донесе сите клучни закони, како ќе се спроведат?!

Mazedonien EU Westbalkan Forum

Форумот ЕУ - Западен Балкан во Охрид

На теми сврзани со независноста на судството и обвинителството се говореше во работните сесии и на билатерланите средби во текот на вториот ден на Форумот во Охрид. Најголем дел од учесниците од земјите на Западен Балкан прашањата и законите од оваа област на патот до нивното усогласување со ЕУ ги оценија како многу чувствителни.

„Македонија има постигнато значителен напредок, но, не очекува голема концентрација во областа на спроведувањето на законите, имајќи во предвид дека Македонија можеби најбрзо од сите во регионот има донесено доста клучни закони и сега е важен периодот на нивното спроведување“, потенцираше министерот за правда на РМ Блерим Беџети. 

Форумот во Охрид е од двострано значење. Европската унија со преслушувањето на министрите покажа дека има трпение и не го губи интересот за Западен Балкан. Додека земјите од регионот со податоци и резултати одговараа дека Европа треба да покаже уште поголем интерес за нив. Иако, секоја земја во себе, а и билатерално и регионално има отворени прашања на кои ќе треба поскоро да се најдат одговори. 

Автор: Мило Јованоски

Редактор: Александра Трајковска