1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија вечерва нема право на грешка

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска со почеток во 20:30 часот на „Филип Втори“ ќе го одигра натпреварот од четвртото коло од квалификациите за Светското првенство во Бразил, што ќе се одржи во 2014 година.

Дуелот во Скопје ќе биде поправен испит за двете репрезентации, откако и Македонија и Србија, како домаќини, во петокот, беа поразени од Хрватска односно Белгија. Македонија со евентуален пораз ќе ги загуби шансите за пласман на едно од првите две места, а Србија од друга страна, доколку не ги освои бодовите, ќе заостане зад конкурентите Хрватска и Белгија. Македонија против Србија ќе се обиде да стигне до првата победа во квалификациите за Светското првенство.

Сепак, двајцата селектори не се согласуваат дека овој меч е од суштинско значење за нивните селекции. Српскиот стратег вели дека по дуелот во Скопје ќе останата уште шест кола, во кои може да се исправи загубеното. Јаневски и Михајловиќ, на своите прес конференции најавија дека нема да ги менуваат формаците (4-2-3-1 Македонија и 4-3-3 Србија), но и двајцата најавија одредени промени во стартните состави, во однос на оние кои започнаа против Хрватска, односно Белгија. Замена за Пандев можат да бидат Хасани или Ивановски.

Mazedonien Fußballnationalmannschaft

Македонската репрезентација има само еден бод во досегашниот тек на квалификациите

Посебен сообраќаен режим

Македонското МВР најави дека со оглед на тоа што дуелот Македонија-Србија се третира како натпревар со висок ризик, ќе преземе соодветни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир и за превенција на евентуални инциденти. Ќе биде воведен и посебен сообраќаен режим. Од 12 часот ќе биде затворен сообраќајот од крстосниците на улиците „Ленинова“ и „Јордан Хаџи Констанинов-Џинот“ кон фудбалскиот стадион, и ќе бидат пропуштани само возила со посебни пропусници. Исто така, во тој период ќе биде расчистен сообраќајниот и паркинг простор во непосредна близина на стадионот. Во периодот, пак, од 17 часот ќе бидат сообраќајно регулирани и приодите од булеварот „Илинден“ кон националната арена, односно ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници и други итни потреби.

Согласно постоечкиот Договор за полициска соработка меѓу македонското и српско МВР, во Скопје се пристигнати и четворица службеници на полицијата на Србија.

Од групата А денеска уште играат: Хрватска – Велс и Белгија – Шкотска. Во групата Белгија има седум бодови, Хрватска исто така седум, Србија четири, Велс три, Шкотска два, а Македонија само еден бод.