1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија вечерва игра против Данска, Германија против домаќинот Србија

Македонската ракометна репрезентација цели кон нова победа во денешниот (21.01) меч против Данска, што ќе се одигра во 18:15 часот во белградската Арена. Таму денеска играат и Полска – Шведска и Србија – Германија.

default

Македонија вечерва против Данска

„Два елементи ја напишаа приказната во групата Б: импресивно ентузијастичката група фанови на Македонија и лудата железница на германскиот тим“, стои во најновиот текст објавен на официјалната страница на Европското ракометно првенство што се одржува во Србија.

Sport Handball EM Schweden gegen Mazedonien

Пофалби за македонските навивачи

„Последниот меч го одреди целиот состав на оваа група. Поттикнати од 4 000 фантастични навивачи, тимот од Македонија ја победи и елиминираше Чешка. Балканскиот тим, како и Шведска, стартува со 1 поен во Белград, додека Германците имаат оптимална основа од 4:0“, стои во тексот.

Вонредни возови и зголемена фрекфенција на граница

Македонски железници воведоа посебни возови на релација Скопје-Белград-Скопје со цел што повеќе македонски навивачи да можат да присуствуваат на Европското првенство во ракомет.

На граничниот премин Табановце е зголемена фрекфенцијата на возила. За излез од Македонија кон Србија се чека по половина час, информираат од АМСМ. Зголемената фрекфенција на автомобили веројатно е поради големиот број граѓани што се упатени кон Белград.

Ѓуровски: финале Србија-Македонија

Handball Europameisterschaft Mazedonien Tschechien

Поранешниот фудбалер Бошко Ѓуровски сака во финале да ги види Србија и Македонија

Поранешниот фудбалер и тренер на „Црвена Звезда“ Бошко Ѓуровски вели дека сака во финале да ги види репрезентациите на Србија и Македонија.

„Македонија направи голем успех кога успеа на Шведска да и’ земе бод, а после се квалификуваше и во наредната рунда. Имаат добра репрезентација, тие секогаш играа добар ракомет. Познато е дека од Пелистер, Прилеп и Битола потекнуваат добри ракометари“ оцени Ѓуровски.

„Не бев во Ниш да ги гледам мечевите на македонската репрезентација, единствено бев на отворањето на првенството во Белград, но се надевам дека сега ќе ги гледам натпреварите, а на финалето сигурно ќе присуствувам“ рече Ѓуровски, кој сепак изјави дека повеќе навива за српската репрезентација.

Србија и Македонија се натпреваруваат меѓусебно во среда на 25 јануари, во последното коло од Групата 1 на Европското ракометно превенство.

Германија и Србија се борат за првото место

Handball, Deutschland wird Fünfter bei der WM in Kroatien

Германскиот ракометар Оливер Рогиш ќе игра со скршен нос против домаќинот Србија

Денеска домаќинот Србија игра против Германија. Оливер Рогиш и покрај скршениот нос ќе истрча вечерва на ракометниот терен. Главниот играч во одбраната на германскиот ракометен тим се повреди во натпреварот против Шведска, во кој Германија ја однесе победата со 29:24.

„Носот е повреден, но јас ќе играм. Ова веќе сум го правел повеќе пати“, изјави Рогиш.

И Србија и Германија имаат по четири поени и се борат за една од двете карти што води предолимпискиот квалификационен турнир, што треба да се одржи пролетва.

„За нас овој натпревар против Германија е најважен, бидејќи потоа српскиот тим ќе има една голема предност во однос на останатите“, изјави селекторот на српската ракометна репрезентација Веселин Вујовиќ.

Според моменталниот распоред на табелата, во новоформираната група 1, пред одржувањето на денешните мечеви, на првото место е Германија, зад неа е Србија, а по неа следуваат Полска, Македонија, Шведска и Данска.

Автор: Александар Методијев /макфакс/миа/сид/дпа/ www.ehf-euro.com

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска