1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија, борба против корупцијата

*

За една недела од стартот на кампањата “Македонија без корупција” се регистрирани 200 повици на специјалниот број 199 за пријавување на коруптивни случаи, соопшти Владата на Македонија. Во последните денови има рапиден пораст на јавувањата, по почетните три до четири дневно. Владиниот портпарол Ивица Боцевски на прес-конференција рече дека посебно изненадил фактот што во 80 до 90 насто од случаите, луѓето што пријавуваат сакаат на надлежните органи да им ја достават и својата документација и да соработуваат во истрагата.