1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Македонија блиску до кандидатски статус?

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер смета дека самитот на Европската унија ќе се изјасни за македонската кандидатура. Амбасадорите на замјите членки на ЕУ претходно изготвија предлог изјава во која повикуваат Македонија да биде прифатена како кандидат.

default

Пред почетокот на дводневниот самит на Европската унија во Брисел се појавија контроверзни вести за тоа дали Македонија со нејзиното барање да добие статус на земја кандидат за членство воопшто ќе се најде на дневниот ред. Повеќе агенции јавија дека една од темите на самитот, покрај спорниот британски предлог за буџетот ќе биде и перспективата на Македонија да стане членка на Унијата. Најјасната потврда дојде од германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер кој во денешната дебата во парламентот изјави.

„Сметам дека самитот на Европската унија ќе се изјасни за тоа на Македонија да и се даде статусот на замја кандидат.“

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ инаку во текот на вчерашниот ден изготвија предлог изјава во која повикуваат Македонија да биде прифатена како кандидат за членство во ЕУ, на Самитот на лидерите на Унијата – соопштија дипломатски извори за агенцијата Ројтерс

Француски дипломат потврдил дека Париз прифатил овој текст да биде разгледан од страна на европските лидери.

Во предлог изјавата на амбасадорите на ЕУ уште стои дека натамошните чекори околу започнувањето на преговорите за членство на Македонија во Унијата, ќе бидат предмет поширока дебата околу стратегијата за проширување на ЕУ, согласно барањето на Франција.

Дипломатски извори во Брисел уште изјавија дека европските лидери нема автоматски да ја прифатат оваа предлог изјава, туку ќе водат дискусија за неа.