1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Македонија бележи забавување на економијата

Македонија не треба да очекува којзнае какви ефекти од намалувањето на даноците, сметаат експертите од Европската банка за обнова и развој кои во Скопје ќе го објават годишниот извештај за земјите од Југоисточна Европа.

За напредок во економија да се искористат европските соседи

За напредок во економија да се искористат европските соседи

Позначајни од висината на даноците, според стручњаците на Европската банка се транспарентноста и стабилноста на даночниот систем во Македонија.

Во годишниот извештај на ЕБРД Македонија е наведена како единствена земја од Југоисточна Eвропа која бележи забавување на економијата.

Македонија да го искористи проширувањето на ЕУ

Спроведувањето на реформите продолжило и покрај парламентарните избори, но само благодарание на кандидатурата за членство во европското семејство. Македонија треба да го искористи проширувањето на Унијата, смета Либор Кркоска од раководството на Европската банка. „Македонија има одлични изгледи кои произлегуваат од проширувањето на Европската унија. Кога Бугарија и Романија ќе станат членки следната година Македонија ќе се најде на границите на Европската унија што значи многу голем пазар. Се надевам дека Македонија ќе го искористи тоа“ вели Кркоска.

Македонија е рангирана во друштво со Србија и Бугарија како земја што напредува во секторот управување и во работата на небанкарските финансиски институции. За банкарскиот сектор има средни, преодни оценки. Се забележува дека Македонија е една од ретките земји во кои странските банки имаат недоволно учество во банкарскиот бизнис.

Негативни оценки за политиката на конкуренција и инфраструктурата

Во извештајот на ЕБРД негативно се оценети реформите во инфраструктурата и политиката на конкуренција. Особено е нагласена слабоста на патната инфраструктура. „Инфраструктурата е еден од клучните услови за инвеститорите да дојдат во земјата и за локалните претпријатија да се развиваат и ако има лоша инфраструктура, недостиг од елекрична енергија и вода, тоа води кон рестрикции. За толку мала земја не е тешко да се направи добра инфраструктура, да се направат патишта кои ќе ја поврзат Македонија со соседните земји и големите пазари“, вели Либор Кркоска.

Извештајот на Европската банка, што ги третира земјите од Јуогисточна Европа, предвидува дека забавувањето на економијата во Македонија ќе биде надиминат до крајот на годината.