1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија без Чековски до крајот на ЕП

По двата воведни порази, македонската кошаркарска репрезентација го загуби и крилниот центар кој го искинал мускулот на десната нога. Вечерва против Србија ќе се брка првата победа на првенството.

Ѓорѓи Чековски нема да може да им помогне на своите колеги од репрезентацијата на Македонија во продолжението на Европскиот кошаркарски шампипонат во Словенија. Македонскиот крилен центар на синоќешниот натпревар против Литванија се здоби со повреда на задната ложа на десната нога, а по направените лекарски прегледи, констатирано е кинење на мускулот.

Ова е дополнителен проблем за селекторот Алеш Пипан и репрезентацијата на Македонија, имајќи ги предвид двата пораза на стартот, како и улогата на Чековски во националниот тим, односно неговиот придонес во дуелите под обрачите. На располагање на Пипан од играчите под кошевите му остануваат уште Предраг Самарџиски, Перо Антиќ и ветеранот Тодор Гечевски за кој се претпоставува дека ќе добие зголемена минутажа по новонастаната ситуација со Чековски. Вечерва Македонија во рамките од 3.коло на групата Б во Јесенице за противник ќе ја има репрезентацијата на Србија. Натпреварот започнува во 21 часот.

Вчера, македонските кошаркари загубија од Литванија со 75:67. Во истата група, Србија ја совлада БиХ и го дели првото место на табелата со Летонија која беше подобра од Црна Гора.