1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Македонија без Филип Лазаров на ЕП!?

Филип Лазаров, на тренингот во четвртокот се здобил со фрактура на дланката, а колку е сериозна повредата ќе биде познато денеска, кога ќе бидат извршени дополнителни медицински прегледи.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Ивица Обрван, се соочува со големи проблеми во пресрет на Европското првенство во Данска. Откако поради повреда од составот отпадна Наумче Мојсовски, а бирократите од ЕХФ го блокираа настапот на Ренато Вугринец, на подготовките во Пореч се повредил Филип Лазаров.

Како што објави весникот Вечер, повикувајќи се на изјава на директорот на репрезентацијата Стевче Алушовски, Филип Лазаров, се здобил со сериозна повреда, која ќе го оддалечи од континенталното првенство. Филип Лазаров, на тренингот во четвртокот се здобил со фрактура на дланката, а колку е сериозна повредата ќе биде познато во петок, кога ќе бидат извршени дополнителни медицински прегледи.

Македонската репрезентација на ЕП се наоѓа во група со домаќинот Данска, односно Австрија и Чешка. Првиот натпревар ’црвено-жолтите’ ќе го одиграат на 12.јануари против Данска.