1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Македонија – Анкетна комисија за инцидентот

*

Анкетната комисија на македонскиот парламент денеска треба да го објави конечниот извештај за инцидентот во Парламентот од 25. септември. „Сега имаме точен преглед кој член на Комисијата како го замислува секој ред од извештајот„ – посочи претседателот на Комисијата, Стојан Андов. Според него денеска може да се очекува конечен договор, бидејќи „преостанатите разлики не се непремостливи„. ЕУ побара целосно расветлување на тепачката во Парламентот и политичка одговорност за виновниците.