1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Македонија, Албанија и Хрватска - за побрз влез во НАТО

Премиерите на Албанија, Македонија и Хрватска, Сали Бериша, Владо Бучковски и Иво Санадер се состанаа во Драч за да се договорат како подобро да соработуваат, за нивните земји побрзо да влезат во НАТО.

Сали Бериша, домаќин на Бучковски и Санадер во Драч

Сали Бериша, домаќин на Бучковски и Санадер во Драч

Мирна разврзка на косовското и српско – црногорското прашање, ЦЕФТА наместо регионалната Запднобалканска трговска унија, и замена на Пактот за стабилност со процесот на соработка на земјите од Југоисточмна Европа, заедно со приемот во НАТО. На овие теми денеска во Драч разговараа премиерите на земјите од Јадранската повелба Македонија, Хрватска и Албанија. По средбата со хрватскиот премиер Иво Санадер и албанскиот шеф на влада Сали Берлиша македонскиот премиер Владо Бучковски од најголемото албанско пристаниште, ја најави кампањата со која најдоцна во 2008 година треба да резултира со покана во НАТО. Според Бучковски регионалната соработка е потребна, но Македонија се надева на индивидуална проценка од НАТО

„Денеска ја почнуваме кампањата за интегративните процеси во НАТО. Нашиот слоган ќе биде покана за членство во НАТО не подоцна од 2008 година. Ги почитуваме индивидуалните напори на трите земји за интеграција во НАТО. Акционите планови за членство на Јадранската група во НАТО ќе бидат пресудни за нашата намера да станеме членки на Северно Атланската Алијанса.“ изјави македонскиот премиер Владо Бучковски

Санадер, Бериша и Бучковски со писмо до американскиот претседател Џорџ Буш ќе побараат од Меѓународната заедница да најави дека на наредниот самит на НАТО во Рига, Алијансата ќе даде оценка за напредокот на трите земји.

Лобирањето за влез во НАТО, Јадранската група ќе го започне во Дубровник во јули каде од генерласниот секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер ќе побара НАТО на наредниот самит да им прати порака на Македонија, Албанија и Хрватска дека поканата за членство ќе стигне најдоцна до 2008 година.

Хрватскиот премиер Иво Санадер денеска негираше и дека бил против предлогот на Комисијата на ЕУ за формирање на Западнобалканска трговска унија. Санадер нема ништо против неа, но сепак повеќе се залага за соработка во регионот преку ЦЕФТА, во која покрај Хрватска, во моментов членуваат Бугарија, Романија и од вчера Македонија.

„Сите ние имаме договори за слободна трговија, но сите ние имаме различни трговски прашања кои треба да се регулираат. Мојата идеја за ЦЕФТА која не е спротивна на предлогот на европската Комисија не е само да се поврзат петте земји во регионот, туку и да се поврзат со други замји како на пример Романија и Бугарија, затоа што веќе имаме модел за слободна трговја кој добро функционира.“ рече Иво Санадер

Македоснкиот премиер Владо Бучковски, кој утре во Тирана ќе има билатерална средба со албанскиот премиер Сали Бериша, денеска ги повика Санадер и Бериша на посебна средба во Охрид. На неа би се разговарало во детали за регионалните и трговско царинските олеснувања по предлозите на Европската комисија. Во Охрид би се разговарало и за хрватската идеја, дел од проектите на Пактот за стабилност да ги преземе процесот на соработка на земјите од Југоисточна Европа при што ЕУ би имала улога на набљудувач.