1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Македонец обвинет за воено злосторство во Хрватска

Жупаниското државно обвинителство во Шибеник покренало обвинение против седуммина поранешни припадници на ЈНА за воено злосторство извршено во 1991 година. Меѓу обвинетите е и поручник на ЈНА од Македонија.

Македонец е обвинет од страна на Жупаниското државно обвинителство во Шибеник за злосторство врз цивили направено во декември 1991. година во хрватскиот град Дрниш, јавуваат денеска хрватските медиуми. Тој и останатите шестмина обвинети се товарат за брутално заплашување на хрватското население , злоставување и пљачкосување.

Според обвинителството, постапката против Македонецот, тогашен поручник во ЈНА, и шестмина војници се води поради нивниот упад во куќа на постари сопружници во Дрниш. Мажот бил изудиран со раце, нозе и кундаци, додека жената кога почнала да повикува помош, истотака била физички нападната. Поручникот е обвинет и дека ја силувал. На сите им е одреден притвор и е распишана потерница. Останатите обвинети се државјани на Србија и на БиХ