1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мадридскиот слам на срамот

На влезот во Мадрид се наоѓа најголемата илегална населба во светот - еден неугледен куп на шатори и куќички. Како што расте градот, така се приближува до сламот познат под името- Канада Реал. И тоа почнува да му пречи.

Во Канада Реал улиците не се асфалтирани. Куќите се направени од лим и од бетон. На некои места се наоѓаат купишта ѓубре. Канада Реал пред 40 години го изградија луѓе кои до селата доаѓаа во Мадрид во потрага по работа. Со економската криза, населбата нарасна на 40 илјади жители- мешавина од северно-африкански бегалци, Роми и Шпанци од општествените маргини.

Кристина Позас тука живеела 11 години.

„Живеевме таму со генерации, но кога предградијата почнаа да се шират кон нас и да продираат на наша територија, одеднаш почнавме да им пречиме. Градот стигна до нас и сега сакаат да не‘ избркаат. Ги сакаат парите кои може да им го донесе тоа земјиште, а ние да исчезнеме“, вели Кристина.

Цели семејства на улица

Откако со децении властите ги затвораа очите пред илегалната населба која постојано се ширеше, сега се гладни за пари и го сакаат земјиштето назад. Па така, веќе две години во Канада Реал се испраќаат булдожери да ги уништуваат домовите на тамошните жители. Еден од нив му припаѓаше на Абдул Гаилан. Тој со нога пребира по купот смет- тоа е се‘ што останало од неговата куќа. Од неа

ѕирка парче керамичка плочка- спомен од татковината на Абдул- Мароко.

„Ме оставија на улица. Благодарение на помошта од соседите, повторно ја изградив куќата. Но, шест месеци подоцна дојдоа во 4 часот наутро и повторно ја урнаа, а мене и моето семејство не‘ оставија на улица“, вели Абдул.

Жителите на Канада Реал плаќаат данок на добивка, но не и данок на земјиштето, на кое не е дозволена градба. Немаат канализација, училишта ниту здравствени установи. Жителите поради тоа немаат ниту постојани адреси, па како такви ги наведуваат адресите на свои роднини или пријатели.

„Кога моите синови ќе испратат молба за работа, ја наведуваат адресата на бабата или дедото, затоа што ако наведат дека живеат во Канада Реал, никој нема да им даде работа. А одлични студенти се. Она што им се случува ним, им се случува и на многу други луѓе“, раскажува Кристина Позас.

Казино наместо слам

Жителите и активистите за човекови права се жалат дека властите го прикажуваат Канада Реал полош одошто навистина е, со цел да ја придобијат јавноста за негово рушење. Тоа сметаат, го одвлекува вниманието од вистинскиот проблем- фактот дека во Шпанија нема доволно станбен простор кој луѓето

можат да си го дозволат.

Луис Ногуес е социјален работник и професор кој го истражува Канада Реал. Вели дека тој слам давал многу работници за време на експанзијата на градежната бранша.

„Но сега е криза, па нема веќе корист од големи бизнис проекти во Мадрид. И тоа е вистинскиот проблем. Затоа и сакаат да ја тргнат населбата, а прашањето е само како“, вели Ногуес.

Канада Реал е во близина на земјиштето на кое урбанистите сакаат да изградат голем комплекс на казина „ЕуроВегас“, од кој би требало добро да се заработи. Доколку тој проект мине, големо прашање е што ќе се случи илјадниците луѓе кои живеат во најголемиот слам во Европа.